Петко Николов Шаханов е бугарски преродбенски учител.
Биографија Роден е на 8 октомври 1858 година во Ески Заара (денешна Стара Загора), во тогашната Османлиска империја. Завршил Физико-математички факултет во Петербуршкиот универзитет. Предавал во Старозагорската женска гимназија, во машките и женските гимназии во Пловдив, Русе и во Втората Софиска машка гимназија. Во учебната 1887/1888 предавал во Солунската машка гимназија.
Умира на 21 април 1921 година во Пловдив.
Наводи
Категорија:Учители во Солунската бугарска машка гимназија Категорија:Родени во 1858 година Категорија:Починати во 1921 година