Кајафа (, , веројатно од арамејски со значење понизност, според други податоци — истражувач) — првосвештеник на Јудеја од 18 до 36 г. од н. е.
Јосиф Флавиј го споменува, нарекувајќи го Јосиф, прозван Кајафа (Јудејски древности, книга XVIII, 2.2).
Животопис
Евангелско опишување Кајафа е повеќепати споменат во трите Евангелија (Мт. 26:3, Мт. 26:57, Лк. 3:2, Јн. 11:49–52, Јн. 18:13–28), како и во Дела на апостолите (Дела 4:6). Прво се појавува во историјата на Јован Крстител:
Потоа тој се појавува во историјата на Страдањата Господови; во домот на Кајафа конечно се решава судбината на Исус Христос:
Историски сведоштва Кајафа бил првосвештеник на Храмот во текот на 18 години. На таа должност го поставил Валериј Грат, претходникот на Пилат, а од власт го отстранил идниот цар Авл Вителиј.
Кајафа бил садукеј, зет на првосвештеникот Ана (Хананан) и послушно орудие во рацете на неговиот тест. Дури и откако си заминал од должноста, Ана продолжил цврсто да ја држи власта и, всушност, еднолично раководел со храмските должности и касата. Според мислењето на некои историчари, токму Ана, преку својот зет, ја донел одлуката за погубувањето на Исус како еден од оние бунтовни проповедници со кои тогаш била преплавена Јудеја — хулители на авторитетот на римскиот цар, кои предвидувале скоро доаѓање на Месијата и обнова на светот.
Костурница на Јосиф, синот на Кајафа Во ноември 1990 г., за време на изградба на воден парк во Ерусалим, во областа наречена „Шума на Мирот“, багеристите неочекувано го пробиле сводот на една вештачка пештера. Таа се покажала како погребна комора, запечатена приближно од времето на Првата јудејска војна (околу 70 г. од н. е.). Комората била поделена со прегради на четири дела, каде што биле пронајдени 6 цели и 6 распукани костурници (веројатно од ограбувачи).
На тесната страна на еден од нив бил прочитан натписот „’husf br kfa“, што на современ јазик значи „Yehosef bar Qafa“ — „Јосиф, син на Кајафа“. Можно е во оваа костурница да се наоѓале останките на синот на евангелскиот Кајафа, кој го носел истото име како татко му.
Во костурницата, археолозите пронашле коски на шест лица: две бебиња, едно дете на возраст од 2 до 5 години, еден тинејџер на околу 13 години, возрасна жена и еден маж на возраст од околу 60 години. Веројатно, последниот скелет му припаѓал на првосвештеникот. По завршувањето на истражувањата, останките биле предадени на Израелското министерство за верски работи и погребани на Маслиновата Гора. Во устата на починатиот била пронајдена паричка, што е карактеристично за грчкиот, а не за јудејскиот обичај.Деревенский Б. Г. Околоевангельские артефакты. (руски)
Наводи
Надворешни врски
The Ossuary of Joseph Caiaphas Images of the Ossuary of Caiaphas
Категорија:Родени во 10-тите п.н.е. Категорија:Починати во 40-тите Категорија:Исус и историјата Категорија:Првосвештеници на Израил Категорија:Личности од Новиот завет __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__