Недопирливи — населба во јужното градско подрачје на Битола. Таа се протега низ областа од Градската болница до поранешната касарна. Во оваа населба денес се наоѓа Студенскиот дом „Кочо Рацин“, а порано на тоа место се наоѓала ТБЦ болницата. Од оваа населба има патишта кои водат до селата Лавци и Смолево. Улици во оваа населба се: Дванаесет Кладенци Милтон Манаки Петнаесетти Корпус Пецо Божиновски (дел) Сотир Брбевски Стале Попов Стрчин (дел) Студентска (дел)
Името го добила по истоимената американска ТВ серија од 1959 година и подоцнежниот филм од 1987 година.
Категорија:Населби и маала во Битола