мини|Outkast при настап во Њујорк во 2014 година. мини|Корицата од албумот на Де Ла Соул од 1989 година насловен „3 Feet High and Rising“ Алтернативен хип-хоп (исто така познат како алтернативен рап) — поджанр на хип-хопот дефиниран од уметници кои ги отфрлаат традиционалните стереотипи на жанрот, особено оние популаризирани од олд-скул хип-хопот и гангста рапот. Првично појавувајќи се кон крајот на 1980-тите, стилот го предводел колективот Native Tongues на Источниот брег, во кој биле вклучени изведувачи како Jungle Brothers, De La Soul, A Tribe Called Quest, X Clan, Brand Nubian, Pete Rock & CL Smooth, Monie Love, Queen Latifah, а подоцна и Busta Rhymes и Mos Def. Овие уметници нагласувале позитивно настроени, добронамерни афроцентрични текстови, додека беа пионери и популаризираа употреба на еклектичен семплинг и битови под влијание на џезот. Црпејќи инспирација од политички, прогресивни и свесни хип-хоп уметници како Grandmaster Flash и Public Enemy.
Во текот на 1990-тите години, алтернативното хип-хоп движење се проширило со уметници од Западниот Брег, вклучувајќи ги: Pharcyde, Digital Underground, Souls of Mischief, Del the Funky Homosapien, Jurassic 5, Styles of Beyond и Freestyle Fellowship, како и одредени јужњачки изведувачи, меѓу кои биле Arrested Development, Goodie Mob и Outkast. Комерцијалниот и културниот моментум на движењето бил попречен од подемот и популарноста на гангстер репот на Западниот Брег, иако доживеал одреден степен на мејнстрим признание преку успехот на Fugees, De La Soul, A Tribe Called Quest, Outkast и Arrested Development. Движењето „Native Tongues“ ги инспирирало подоцнежните алтернативни рап уметници, особено Roots, Лупе Фијаско, Digable Planets, Common, Little Brother, Black Eyed Peas, Dead Prez, Camp Lo, Jean Grae, Nappy Roots, Black Star, J Dilla, Лорин Хил, MF Doom, Фарел Вилијамс и Кање Вест.
До 2000-тите и 2010-тите години, алтернативниот хип-хоп го вратил своето место во мејнстримот преку движењето „backpack rap“, кое го вклучувал кросовер успехот на уметници како Кање Вест, и подоцнежните колективи како Odd Future и Brockhampton. Стилот, исто така, еволуирал за да опфати неколку жанрови на интернет-рап базирани на трап.
Карактеристики десно|мини|Де Ла Соул настапува во Дилонската гимназија во 1991 година За време на комерцијалниот подем на хип-хопот во 1980-тите и почетокот на 1990-тите години, популарноста на хардкор хип-хопот и гангста рапот довела до тоа темите за гангстерство, конзумеризам и клубска култура да станат дефинирачки стереотипи за мејнстрим хип-хопот, при што понегативните стереотипи биле поврзани со хомофобијата, насилството и сексизмот. Алтернативниот хип-хоп се појавил во голема мера за да ги поткопа, сатиризира или предизвика овие конвенции, користејќи неконвенционални музички техники, продукција и семплирање што вообичаено не се среќавале во мејнстрим хип-хопот во тоа време, а истовремено се усогласувал и со андерграунд младинските субкултури како тие на скејтерите, штреберите, панкерите и готите.
Уметниците честопати вклучувале социјално свесен, интелектуален или интроспективен текст, избегнувале вулгарности, додека ги разбивале рап стереотипите на теми како што е сексуалноста преку андрогинска мода и стилови, иако раните уметници поврзани со движењето, како што се A Tribe Called Quest исто така, ги овековечиле некои од овие традиционални стереотипи, а нивната песна „Џорџи Порџи“ била отфрлена поради тоа што била „премногу хомофобична“.
Прием и влијание Алтернативниот хип-хоп се здобил со постојани критички признанија, но генерално е избегнуван од американските мејнстрим медиуми и широко се смета за комерцијално непривлечен. Синглот „The Crown“ на њујоршката радио личност и изведувач, Имхотеп Гери Бирд, бил одбиен од американските радио станици бидејќи бил „премногу темен и премногу позитивен“. Сепак, песната била многу добро прифатена и станала хит во Европа. Таа достигнала број 6 на британската топ-листа на синглови, а албумот станал најдолгиот албум што некогаш стигнал до првите 10 места во историјата на британските топ-листи. Со текот на годините, повеќе организации што ги претставуваат Афроамериканците, како Националната алијанса за црнечко лидерство и Националниот конгрес на црни жени, објавиле изјави во кои критикувале како урбаните радио станици одбиваат да пуштаат рап музика што не ги понижува и деградира жените, избегнувајќи ги алтернативните хип-хоп уметници како Arrested Development и Dead Prez. Кју-Тип, фронтменот на многу влијателната алтернативна рап група „A Tribe Called Quest“, го одложил својот втор соло албум, „Kamaal the Abstract“, речиси една деценија откако неговата издавачка куќа оценила дека албумот што ги менува жанровите звучи некомерцијално.
Алтернативното хип-хоп движење не е ограничено само на Соединетите Американски Држави, бидејќи раперите кои ги побиваат жанровите, како што се сомалиско-канадскиот поет Кejнаан и британскиот уметник M.I.A., постигнале светско признание. Синглот на Кejнаан од 2009 година „Wavin' Flag“ го достигнал второто место на канадската топ-листа „Hot 100“, додека неговите различни ремикси се искачиле на врвот на топ-листите во неколку земји. Списанието „Тајм“ ја смести M.I.A. на листата на „Највлијателни луѓе во светот“ на „Тајм 100“ бидејќи имала „глобално влијание врз многу жанрови“. Групи како британскиот виртуелен бенд Gorillaz, исто така, доживеале мејнстрим популарност во овој период, продавајќи вкупно над 20 милиони албуми помеѓу албумите Gorillaz (2001) и Demon Days (2005). Денес, поради зголемената употреба на социјалните мрежи, како и онлајн дистрибуцијата, многу алтернативни рап уметници наоѓаат прифаќање од поширока публика.
Наводи
За понатамошно читање
Библиографија
Категорија:Жанрови на хип-хоп Категорија:Музиката во 2010-тите