Бан — титула за владетел на земја или управител на област. Оваа титула се среќава кај владетелите на Хрватска, Босна, Мачва, Влашка, Молдавија, Бугарија и Унгарија.

Во своето значење, титулата бан може да се толкува и како „господар“ или „сопственик“ на територија. Територијата со која управувал банот се нарекувала банат или бановина.

Етимологија Постојат три основни теории за потеклото на називот бан — туркиска (турско-монголска), иранска и готска:

Туркиска (аварска) теорија: Зборот ban се изведува од туркискиот baian/bajan („владетел на војска“ или „богаташ / моќник“). Се смета дека зборот дошол до Словените преку аварскиот јазик. Некои дури претпоставуваат дека потекнува право од името на аварскиот водач Бајан. Иранска теорија: Титулата се изведува од староиранскиот збор ban со значење „човек со високо положба, господар, владетел“.Košćak V. Iranska teorija o podrijetlu Hrvata // Etnogenesa Hrvata. — Zagreb, 1995. — S. 114. Готска теорија: Поимот ban се изведува од готскиот збор bandvjan.Mužić I. Hrvatska povijest devetoga stoljeća. — Split: Muzej hrvatskih arheoloških spomenika, 2011. — S. 132—133.

Употреба на титулата Титулата бан се користела во Влашка од XIV век до 1831 г. (кога била припоена кон поголемата болјарска област Олтенија), како и во Средновековна Молдавија. Подоцна, титулата била обновена и користена во Кралството Југославија помеѓу 1929 и 1941 г. за управниците на покраините (бановините).

Значењето на титулата со текот на времето се менувало — положбата на банот може да се спореди со положбата на намесник или војвода, но ниту еден од овие поими не претставува точен опис за историската положба на банот.

Територијата под управа на банот се нарекувала банат или бановина. Титулата бан исто така се користела во Кралството Унгарија и во териториите зависни од него, како што е Босна.

Кралство Југославија Бан исто така била титула за покраински администратори (управници) во Кралството Југославија помеѓу 1929 и 1941 г. Секоја од југословенските покраини (административни единици) се нарекувала бановина.

Наводи

Категорија:Титули

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Историја на Хрватска Категорија:Историја на Србија Категорија:Историја на Унгарија Категорија:Историја на Романија Категорија:Поткралеви