Знамето на аргентинската покраина Ла Пампа е поделено на три хоризонтални ленти, светло сина, бела и светло сина. Ова е всушност истата шема на бои како и националното знаме на Аргентина, но разликата е во мајското сонце, кое на знамето на Ла Пампа е затскриено од грбот на покраината.

Симболизам Штитот видлив на знамето е поделен на два дела: горниот син дел ја симболизира правдата, упорноста и лојалност, додека долниот, зелен дел ја одразува надежта, гостопримството и љубезноста, а исто така се однесува на огромната рамнина на Пампасите. На синиот дел е дрвото Калдендкото дрво. Под дрвото е силуетата на староседелец кој шета низ огромните пасишта со копје во раката, во спомен на древните бранители на рамнината. Штитот е опкружен со класја пченица, што ја симболизира плодноста на почвата и земјоделското богатство на покраината. Вкрстените копја зад штитот, украсени со мало перје, исто така се однесуваат на првите староседелски жители на покраината.

Историја Грбот во центарот на знамето бил дизајниран и усвоен во 1964 година. Идејата за усвојување на првото покраинско знаме била изнесена од тогашниот покраински заменик Хектор Де ла Иглесија во 1989 година. Целта на потфатот била да се промовира културата на покраината и федерализмот што се преродувал по период на авторитаризам. Де ла Иглесија напишал закон за објавување на конкурс за избор на знамето. Конкурсот никогаш не се одржал, но подоцна истата година д-р Мигел Кариљо Баскари директно му се обратил на гувернерот на Ла Пампа со свои предлози, засновани на традиционалните домородни обрасци.

Прашањето за знамето повторно било релевантно во 1993 година, за време на процесот на уставната реформа. Адвокатот Хозе Карлос Ричи вклучил цртеж од неговото предложено знаме во неговата влијателна публикација „Уставната реформа на Ла Пампа и нејзините темели“. Во оригиналниот дизајн, знамето било подолго, а грбот се преклопувал со сите ленти. Предлогот на Ричи бил прифатен, но знамето било усвоено со покраинската резолуција бр. 1513, а не како член во уставот. Резолуцијата, исто така, го променил дизајнот, едноставно дефинирајќи го знамето како идентично со националното знаме со грбот поставен во средината на белата лента. Знамето било усвоено на 10 август 1994 година и официјално претставено на 16 октомври, истиот ден кога членовите на Домот на пратениците положиле заклетва за новиот устав.

Наводи

Категорија:Знамиња на покраини Категорија:Ла Пампа Категорија:Знамиња воведени во 1994 година