Месен народен одбор Брезица ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.
Историја Месниот народен одбор Брезица бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места било Брезица, Градманци, Крушје и Летевци. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Брезица останал територијално непроменет. МНО Брезица тогаш припаѓал во Скопската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Брезица бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Катланово.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Брезица имал 841 жител, односно вкупното население на Брезица, Градманци, Крушје и Летевци. Од таа бројка, 581 биле Македонци, 238 биле Турци, 12 биле Роми, 4 биле Албанци, 3 биле Црногорци, 2 биле Бугари, додека 1 бил Србин.
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Брезица Брезица Брезица Категорија:Маџарска Околија Категорија:Скопска Околија