Вечерта на 1 ноември 2025 г., единаесет лица биле повредени, од кои девет со животозагрозувачки повреди, по повеќекратен напад со нож во патнички воз во Кембриџшир, Англија. Две лица биле уапсени.

Случка Британската превозна полиција одговорила на итен повик (999), примен во 19:42 часот по Гринич, во кој било пријавено дека неколку лица биле прободени со нож во возот на LNER што сообраќал од Донкастер до Кингс Крос, со поаѓање во 18:25 часот. Возот тргнал од Питерборо во 19:30 часот, а нападот започнал кратко потоа.

Возот бил запрен на железничката постојка Хантингдон во 19:44 часот, откако била активирана сопирачката за итни случаи.

На случката присуствувале триесет полицајци од Полициската управа на Кембриџшир заедно со полицајци од Британската превозна полиција. Постојката Хантингдон била затворена за јавноста, сите возови во околината биле запрени, а на местото на настанот биле распоредени вооружени полицајци.

Десет лица биле пренесени во болница на лекување, а уште едно лице подоцна самостојно пријавило повреди. Се верува дека деветмина од повредените се здобиле со животозагрозувачки повреди, од кои четворица биле отпуштени до 2 ноември 2025 г.

Две лица биле уапсени под сомнение за обид за убиство во рок од осум минути по првиот повик. Осомничените биле 32-годишен црн Британец и 35-годишен Британец од карипско потекло; и двајцата се родени во Обединетото Кралство.

Според очевидци, еден од напаѓачите бил вооружен со голем нож и неселективно напаѓал патници во возот, предизвикувајќи паника и повреди; неколку сведоци пријавиле дека виделе луѓе како бегаат низ ходникот покриени со крв, а една жртва била прободена со нож пред да се онесвести.

Еден сведок изјавил дека мажот што држел голем нож бил зашеметен со електрошокер и совладан од полицијата. Полициската истрага продолжува со помош на противтерористичката полиција за да се утврдат околностите и мотивот за нападот.

Реакции Сер Кир Стармер, премиерот на Обединетото Кралство, изјавил дека случката е „ужасна“ и „длабоко загрижувачка“.

Шабана Махмуд, министерката за внатрешни работи, изјавила дека е „длабоко натажена“ и дека „ги повикува луѓето да избегнуваат коментари и шпекулации во оваа рана етапа“.

Сер Ед Дејви, водачот на Либералните демократи, изјавил дека е „ужаснат“ од нападот и дека „мора да обезбедиме правда и да вложиме максимален напор за да ја зачуваме безбедноста на јавноста“.

Водачката на опозицијата, Кеми Баденок, првично реагирала повикувајќи ги луѓето да „почекаат додека не излезат повеќе факти“, пред следниот ден, во емисијата Sunday with Laura Kuenssberg, да изјави: „Не можеме да бидеме земја каде што луѓето невини си ги вршат своите работи и се соочуваат со ова ниво на насилно злодело“.

Министерот за внатрешни работи во сенка, Крис Филп, првично изјавил дека случката „изгледа како жесток масовен напад“. Потоа, тој додал во својата изјава дека „моите мисли се со сите повредени или погодени и со службите за итни случаи што реагираат. Полицијата и владата треба да обезбедат ажурирани информации за тоа што се случило и кој е уапсен што е можно поскоро“.

Наводи

Надворешни врски Категорија:Историја на Англија Категорија:Кембриџшир __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__