Тбилиси (, до 1936 г. Тифлис) — главен град на Грузија. Се простира реката Кура и има околу 1.118.035 жители (2014).

Тбилиси е основан во 458 г. од царот Вахтанг I Горгасали на местото на малечко селце, основано во IV век. После окупацијата од страна на Персија, арапите и селџуците, во 1122 градот е ослободен од персиска контрола, а во 1801 е освоен од Русија. Во време на владеењето на независна Грузија помеѓу 1918 и 1921 Тбилиси повторно е негов главен град. Во 1921 Грузија повторно е окупирана од Советска Русија и Тбилиси станува центар на Затавкаската СФСР, а подоцна на Грузиската ССР. Од 9 април 1991 Тбилиси повторно е главен град на независна Грузија.

Географија Местоположба thumb|left|170px|Координатите на Тбилиси Тбилиси е сместен јужен Кавказ на 41° 43' сев ш и 44° 47' ист д. Градот е сместен во источна Грузија на двете страни од реката Кура. Се простира на надморска висина од 380 до 770 метри и е опколен од три страни со планини.

Северно од градот има голем резервоар (попознат какоTбилишко езеро) кој е полн со канали за наводнување.

Клима Климата во Тбилиси се менува од суптропска до релативно блага континентална. Се одликува со врнежливи зими и топли лета.

Население и култура Демографија thumb|лево|250px|Грузиска галерија на теписи Тбилиси е мултикултерен град. Во него живеат повеќе од 100 различни етнички групи. Околу 80% се етнички Грузијци, а другите поголеми се Руси, Ерменци, и Азери. А од помалите најзастапени се: Осети, Апхазијци, Украинци, Грци, Евреи, Естонци, Германци, Курди, Асиријанци, и други. Во последните години Турците и Кинезите се населуваат во градот и имаат еден од најголемите порасти во наталитетот. thumb|250px|left|Црквата Метеки навечер

Религија Повеќе од 85% од жителите на Тбилиси се христијани (најдоминантни се припадниците на Грузиската Православна црква]). Руската православна црква и Ерменската Апостолска Црква се исто така застапени. Католиците, Лутераните, Баптистите, и други христијани го сочинуваат малцинството. А исто така голем број (околу 8%) го практикуваат исламот (најмногу се Сунити). Јудаизмот е исто така присутен,но само мал дел (околуt 2%) го практикуваат. Тбилиси е исто така познат како град на верска толеранција, во кој има и Цркви,џамии и синагоги.

Спорт thumb|250px|right|Стадионот на Локомотива од Тбилиси Тбилиси има голема спортска историја Како и секоја земја која е блиску до арапскиот свет има големо влијание на боречките спортови. Во 1978, градот имаше околу 250 големи и мали спортски обележја, вклучувајќи 4 затворени и 6 отворени олимписки базени, 185 игралишта и сали за кошарка, 192 терени за одбојка, 82 ракометарски арени, 19 тениски игралишта, 31 фудбалски игралишта, и 5 стадиони. А додека сега најголем стадион е стадионот „Борис Паичаѕе“ со 55.000 седишта, адодека втор е стадионот Михели Месхи со 24.680 седишта. Додека спортската палата во Тбилиси собира околу 11.000 гледачи.

thumb|250px|left|Стадионот „Борис Паичаѕе“

Најпопуларни спортови денес во Тбилиси се фудбал, рагби, кошарка, и борење.

ЛогоКлубСпортСтадион25px|ФК Динамо ТбилисиФудбалБорис Паичаѕе25px|ФК Локомотив ТбилисиФудбалМихели Месхи25px|ФК Амери ТбилисиФудбалАмери25pxФК ВИТ ГеоргиаФудбалБИТ Грузија25pxКК Динамо ТбилисиКошаркакошаркарска сала „Вере“25pxКК ТСУКошаркакошаркарска сала „Вере“

Mедиуми Поголрмиот дел ма медиумските компании во Гризија (вклучувајќиги и телевизиите, весниците и радијата)се сместени во Тбилиси. Градот е дом и на најпозната телевизија Рустави 2 која цекосно ја поддржуваше револуцијата на розата.Овој канал и каналот Мзе Тв се во сопственост на познатиот медиумски магнат Руперт Мурдох и неговата компанија.

Тбилиси има и голем броја на издавачки куќи.Некои од најпознатите весници и списанија се: 24 Saati (24 часа), Rezonansi (Резонанс, звучност), Alia, дневниот весник на англиски The Messenger, неделникот FINANCIAL, Georgia Today, и на англиски неделникот The Georgian Times.

Надвор од градот се најпознатите и највлијателните радиостаници во Тбилиси како: Imedi Radio (105.9FM), Fortuna, и Radio 105, кои имаат и национални концесии. thumb|250px|right|Главната зграда на TBC Bank на улицата Maрјанишвили

Архитектура Архитектурата во градо е мешавина од локална (Грузиска), со силни влијанија од винатискиот, еврипскиот и рускиот неокласицизам, и блискоисточни архитектонски влијанија. Стариот дел на градот, вклучувајќи го и Абанот-Убани, јасно дава на знаење дека тука преовладува азиската архитектура. Областите о Тбилиси кои се изградени во XIX век (Руставели Авенијата, Дистриктот Вера, итн.) имаат европски и руски неокласичен изглед.

Во XX век се гледа нови градби од стилот арт-ново. А додека во доцниот XX век градбите се со советски примеси и типични комунистички градби. thumb|200px|лево|Стара зграда Тоа вклучува големи градби, крупни блокови и поголеми пространства. По распадот на СССР и здобивањето на неѕависност почнува Тбилиси да се гради со современи зданија. Во иднина Тбилиси ќе има два облакодерни комплекси.Едниот е кулата Аксис и новата Аџарија Хотел/Бизнис Комплекс (во изградба) кои ќе бидат највисоките згради на Кавказот.

Културни објекти Тбилиси има голем број на згради од особен култиролошки интерес. Зградите на Парламентод и владата како и врховниот суд, се сместени во Тбилиси. Од големо значење на градот се и зградите на државната конзерваторија, државната опера (Paliashvili Opera House), Академскиот театар Марјанишвили, катедралата Самеба, Воронстов палатата (позната и какодетска куќа), многу државни музеи, националната библиотека, националната банка и многу други.Во советско време Тбилиси го заземаше 4 место во СССР по бројот на музеи.

Надвор од градот најпозната е тврдината Нарикала (IV-XVII век), црквата Арчисхати (VI век), катедралата Сиони (VIII век), и др.

Личности thumb|280px|Поглед на Тбилиси од северната страна

Родени во Тбилиси Борис Акунин (р. 1956), писател Шота Арвелаѕе (р. 1973), фудбалер Каха Бендукиѕе (р. 1956), политичар Тигран Петросјан (1929-1984), ерменски шахист Михаил Саакашвили (р. 1967), политичар Арам Хачатурјан (1903-1978), ерменски композитор Починале во Тбилиси Важа-Пшавела (1861-1915), поет Сулхан Цинцаѕе (1925-1991), композитор Други личности, повтзани со Тбилиси Фјодор Шаљапин (1873-1938), руски пејач, учел и работел во градот во почетокот на 1890-те

Збратимени градови Збратимени градови на Тбилиси се: thumb|280px|Плоштадот на Слободата Саарбрукен, Германија (1975) Нант, Франција (1979) Инсбрук, Австрија (1982) Ереван, Ерменија Атланта, САД (1987) Палермо, Италија (1987) Билбао, Шпанија (1989) Анкара, Турција Киев, Украина (1999) Нур-Султан, Казахстан (2005)

Наводи

Надворешни врски

thumb|275px|right|Желкиното езеро (Кус Tбa) во Јануари The Messenger, Грузиски дневен весник на ангкиски јазик Официјално мрежно место на градот Историја ,Географија и Клима во Тбилиси Слики од Тбилиси Карти на Тбилиси Фото водич на Тбилиси Музејот на Историја TbilisiThisWeek.com, Градски водич Колеџот Макалестер Фото галерија на Тбилиси http://tbilisi.info/ Водич на Тбилиси во 1913

Категорија:Градови во Грузија Категорија:Региони во Грузија Категорија:Главни градови на државите Категорија:Административна поделба на Грузија Категорија:Главни градови во Азија Категорија:Населени места основани во 5 век