Арапско Море — големо море во северозападниот дел на Индискиот Океан, крај југозападните брегови на Азија. Се граничи со Арапскиот Полуостров на исток, Иран и Пакистан на север и Индија на запад. Излез на оваа море имаат Иран, ОАЕ, Оман, Јемен, Џибути, Сомалија, Индија и Пакистан. Плоштината на морето изнесува 3,86 милиони км2, со максимална длабочина од 5.803 м. Во Арапското Море се влeва реката Инд.

Граници Според Меѓународната хидрографска организација, Арапското Море ги има следниве граници:

На запад Источната граница на Аденскиот Залив [меридијанот на ’ртот Гвардафуј (Асир, 51°16' ИГД)]. <p>На север. Линија што го поврзува ’ртот ел-Хад, источниот крај на Арабија (22°32' СГШ) со ’ртот Џивани (61°43' ИГД) на брегот на Пакистан. <p>На југ. Линија од крајната јужна точка на атолот Аду (Малдиви), до крајната источна точка на ’ртот Хафун (Африка, 10°26' СГШ). <p>На исток. Западната граница на Лакадивското Море [Линија што се протега од Садашивгад на западниот брег на Индија () до Корадив (), а оттаму долж западната страна на Лакавискиот и Малдивскиот Архипелаг со најјужната точка на атолот Аду во Малдивите].

Поважни острови Поголеми острови во Арапското Море се (по големина):

Сокотра (на Јемен, повр. 3.796 км2) Масира (на Оман, повр. 649 км2) Астола (на Пакистан, повр. 6,7 км2) Андрот (на Индија, повр. 4,9 км2)

Поврзано Црвено Море Арапски Полуостров Персиски Залив

Наводи

Категорија:Мориња во Азија

Категорија:Арапски Полуостров