Езеро Нетлинг е езеро на јужниот крај на Бафинова Земја во регионот Кикикталук, Нунавут, Канада. Тоа е 27-мо најголемо езеро во светот и најголемо езеро на остров, со површина од 5542 километри квадратни и максимална должина од 123 километри. Езерото се наоѓа во Големата рамнина Кукџјак околу 280 километри северозападно од Икалуит. Северениот поларник го преминува езерото. Името на езерото е од инуктитут потекло, што доаѓа од зборот за возрасна прстенеста фока (netsilak). Франц Боас го истражувал неговиот јужен брег во 1884 година.
Нетилинг е најголемото езеро во Нунавут. Во него се влива второто најголемо езеро на островот Бафин, езерото Амаџјак; како и од неколку други помали езера и потоци. Се празни на запад преку многу плитката река Кукџјак во басенот Фокс. Источната половина има многу мали острови, а западната половина е подлабока без острови. Езерото е замрзнато поголемиот дел од годината. Прстенести фоки живеат во езерото, заедно со три регистрирани видови риби: арктичкиот дивјак, деветбоцката и тробоцката. Тундрата околу езерото и јужно до езерото Амаџјак е важна за хранење и младење на карибу на неплодна почва.
Езерото Нетилинг е единаесетто по големина во Канада, што е едно од најголемите езера што се наоѓаат целосно во Канада.
Поврзано
Список на езера во Канада
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Езера во Канада