Лагуна Салада () е повремено езеро во пустината Сонора во северниот дел на мексиканската држава Долна Калифорнија. Езерото, кое лежи на 10 метри под нивото на морето, се наоѓа околу 30 километри југозападно од градот Мексикали. Должината на водната површина е околу 60 км, а ширината е до 17 км.
Во текот на летото, кога езерото ќе пресуши, има силни песочни бури предизвикани од монсунските ветрови. Водата ја добива главно преку врнежите, а ја губи со преголемо испарување.
Геолошки, езерото е плитка вдлабнатина помеѓу две планини што е поврзана на север со раседот Сан Андреас. Северно од оваа вдлабнатина е Солтонското Море, во чиј центар е Езерото Солтон Си.
Оваа област се карактеризира со исклучително силна сеизмичност, а во 2010 година, Лагуна Салада била епицентар на земјотрес со јачина од 7,2 степени.
Поврзано
Географија на Мексико Долна Калифорнија Категорија:Езера во Мексико