„Кралот Артур и неговите витези на тркалезната маса“ е прераскажување на легендите за Артур, од Роџер Ланслин Грин. Книгата била наменета за деца. Првпат била објавена од „Пафин Букс“ во 1953 година и оттогаш е препечатена многу пати. Во 2008 година, била повторно издадена во серијата „Пафин класикс“ со вовед од Дејвид Алмонд (автор на „Клеј“, „Скелиг“, „Дивината на Кит“ и „Јадачите на оган“ ), и оригиналните илустрации од Лоте Рајнигер.
Композиција Грин се обидел да ги испреплете многуте легенди околу кралот Артур во една приказна, поради тоа што мислел дека делото на Малори е повеќе лабава збирка од посебни приказни, Грин се обидел да создаде приказна со почеток, средина и крај. Црпел од многу други средновековни извори, но главно од Малори, особено во последниот дел.
Поврзано
Крал Артур
Наводи
Категорија:Книги за деца