Месен народен одбор Марино ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1947 година.
Историја Месниот народен одбор Марино бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Ајватовци, Белимбегово, Бунарџик и Марино. Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор бил укинат и неговата територија припаднала на обновениот Месен народен одбор Белимбегово.
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Марино Марино Марино Категорија:Маџарска Околија