Месен народен одбор Маџари ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година.

Историја Месниот народен одбор Маџари бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места било Јурумлери, Маџари и Трубарево. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Маџари останал територијално непроменет. МНО Маџари тогаш припаѓал во Скопската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Маџари бил укинат на сметка на соседниот и проширен МНО Кадино кој ги добил селата Јурумлери и Трубарево, како и на сметка на проширениот Град Скопје кој го добил селото Маџари.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Маџари имал 1,848 жители, односно вкупното население на Јурумлери, Маџари и Трубарево. Од таа бројка, 1,380 биле Македонци, 178 биле Срби, 177 биле Албанци, 177 биле Роми, 15 биле Црногорци, 3 биле Хрвати, 3 биле Словенци, 1 бил Турчин, 1 бил Бугарин, 1 бил Романец, 8 биле Руси, додека 4 припаднале во графата „останати и непознато“.

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)

Наводи

Маџари Маџари Маџари Категорија:Маџарска Околија Категорија:Скопска Околија