„Легендата за компирката Марфи“ е дел од серијалот наречена Легендата на Еван Колфер за..., напишана од ирскиот автор Еван Колфер, автор на бестселерот „Артемис Фаул “. Книгата била илустрирана од Глен Мекој. Во серијалот се зборува за двајца браќа: Вил, девет години, обожавател на акциони филмови и Марти, кој има 10 години. Колфер напишал уште две книги во серијалот: „ Легендата за забите на капетанот Врана“ од 2006 година и „Легендата за најлошото момче на светот“ од 2008 година.

Заплет „Одеднаш, сенка падна врз мојот брат... Тоа беше Компирката. Се појави без звук, како нинџа библиотекарка.“

Вил и Марти Вудман живеат во семејство со нивната мајка, татко и уште тројца браќа. За време на летните распусти, нивната мајка одлучува дека треба да се занимаваат со едукативно хоби, па ги праќа во библиотека двапати неделно. Вил и Марти се вознемирени од ова, бидејќи слушнале приказна за библиотекарката „Компирката“ Марфи, за која се шпекулира дека пука во деца со пиштол на компири со бензински мотор што го чува под бирото ако направат бучава во библиотеката.

Вил и Марти одат во библиотека секоја недела, но Марти секогаш се обидува да и направи трикови на Компирката, како на пример менување книги и бегање од тепих во детскиот дел, но секогаш е фатен на дело. Еден ден, приказна за еден џин го привлекува вниманието на Вил. Пред да сфати, веќе е на половина од книгата. Кога го гледа Марти, гледа дека и неговиот брат навистина чита. Марти и Вил не сакаат да си одат дома и ги завршуваат сите книги во детскиот дел и не знаат што да прават. Без да бидат видени, Марти се провлекува до делот за возрасни и зема книга додека библиотекарот е отсутен. Вил и Марти ја читаат „Шпиони во Сибир“ заедно сè додека Компирката не ги види во делот за возрасни. Зачудувачки, таа знае која книга е земена од сите книги во делот за возрасни. Вил признава дека ја зел книгата затоа што двајцата ги завршиле сите книги во детскиот дел. На крајот, г-ѓа Марфи, или „Анџела“, како што им кажува на двете момчиња да ја нарекуваат, ги наградува со библиотечни картички за возрасни, дозволувајќи им да одат каде сакаат во библиотеката.

Надворешни врски

http://www.fictiondb.com/author/eoin-colfer~the-legend-of-spud-murphy~290737~b.htm https://www.eoincolfer.com/works/legend-of-spud-murphy http://www.powells.com/biblio?isbn=0786855010 Категорија:Книги за деца Категорија:Детски книги