мини|Џон Раскин во 1863 г. Џон Раскин (8 февруари 1819 – 20 јануари 1900) — англиски полимат, писател, предавач, историчар на уметност, ликовен критичар, цртач и филантроп од викторијанската ера. Пишувал на теми од различни предмети како уметност, архитектура, политичка економија, образование, музеологија, геологија, ботаника, орнитологија, литература, историја и мит.
Раскиновите стилови на пишување и литературни форми биле подеднакво разновидни. Тој пишувал писма и трактати, поезија и предавања, туристички водичи и прирачници, писма. Исто така, правел детални скици и слики од карпи, растенија, птици, архитектонски структури и орнаменти. Елаборираниот стил што ги карактеризирал неговите најрани дела за уметноста со текот на времето отстапило место на поединствен јазик дизајниран поефикасно да ги пренесе неговите идеи. Во сите свои дела, тој ги нагласувал врските меѓу природата, уметноста и општеството.
Раскин бил огромно влијателен во втората половина на 19 век и сè до Првата светска војна. По период на релативно опаѓање, неговиот углед постојано се подобрувал од 1960 година со објавувањето на бројни академски студии за неговата работа. Денес неговите идеи и грижи се широко познати како интересот за екологија, одржливост, етички конзумеризам и занаетчиство.
Наводи
Категорија:Теоретичари на архитектурата Категорија:Починати во 1900 година Категорија:Родени во 1819 година Категорија:Англиски писатели Категорија:Англиски филозофи Категорија:Англиски економисти