Сладолед со чоколадно тесто за колачиња — вкус на сладолед во кој непечени чоколадни парчиња тесто за колачиња се вметнати во сладолед со вкус на ванила.
Историја Се вели дека сладоледот со чоколадно тесто за колачиња потекнува од 1984 година во првата „продавница за топки сладолед“ на Бен и Џери во Бурлингтон, Вермонт, од анонимен предлог на нивната табла за предлози за вкусови. Во 1991 година, Бен и Џери почнале да продаваат големи колечини од овој вкус,кој брзо станал популарен кај потрошувачите. До 1992 година, тестото за колачиња со чоколадни парчиња сочинувал 20 проценти од вкупната продажба на сладолед на компанијата, а други производители на сладолед почнале да прават свои верзии на вкусот.
Подготовка Почнувајќи од 1990 година, „Рајно Фудс“ го произведувал тестото за колачиња што се користи во сладоледот од тесто за колачиња со чоколадни парчиња „Бен и Џери“. Тие измислиле техника за одржување на текстурата на тестото за колачиња кога е смрзнато, што основачот го опишал како „технолошки пробив“.
Поради здравствените ризици од јадење непечено тесто за колачиња, тестото што се користи во сладоледот од тесто за колачиња е пастеризирано и термички обработено. Поради ова тестото не е погодно за печење.
Поврзано
Колачиња и крем Страчатела (сладолед)
Наводи
Категорија:Сладолед