Сер Џон Ернест Вокер (роден на 7 јануари 1941 година) ― британски хемичар кој ја освоил Нобеловата награда за хемија во 1997 година. Вокер е заслужен директор и професор на Одделот за митохондријална биологија на MRC во Кембриџ и член на колеџот Сидни Сасекс, Кембриџ.

Ран живот и образование Вокер е роден во Халифакс, Јоркшир, како син на Томас Ернест Вокер, каменорезец, и Елси Лотон, аматерска музичарка. Тој израснал со своите две помлади сестри (Џудит и Џен) во рурална средина и одел во гимназијата „Растрик“. Во училиште, бил спортист и специјализирал физички науки и математика во текот на последните три години.Дипломирал на колеџот „Св. Катерина“ во Оксфорд и добил диплома по хемија од трета класа. Вокер ги започнал своите студии за пептидни антибиотици со Едвард Абрахам во Оксфорд во 1965 година и докторирал во 1969 година. Во овој период, тој се заинтересирал за развојот на молекуларната биологија .

Кариера Од 1969 до 1971 година, Вокер работел на Универзитетот во Висконсин-Медисон, а од 1971 до 1974 година во Франција. Тој во 1974 година запознал со Фред Сангер, на работилница на Универзитетот во Кембриџ. Тоа довело до понуда за работа во Лабораторијата за молекуларна биологија на Советот за медицински истражувања, кој што ја прифатил. Меѓу другите вработени бил и Френсис Крик, кој е добро познат по неговото откривање на молекуларната структура на ДНК. Најпрво, тој ги анализирал секвенците на протеините, а потоа открил детали за модифицираниот генетски код во митохондриите. Во 1978 година, тој работел со мембрански протеини при што на тој начин, Вокер го карактеризирал составот на подединиците на протеините во митохондријалната мембрана и ДНК секвенцата на митохондријалниот геном.

Со неговите значајни кристалографски студии на F1-ATPазата на митохондрии на говедски срце, кој е каталитичкиот регион на ATP синтазата (направени во соработка со кристалографот Ендру Лесли), открил три каталитички места во три различни конформации наметнати од позицијата на асиметричното централно стебло. Оваа структура го поддржувал механизмот за промена на врзувањето и ротационата катализа за ATP синтазата (и сродните ензими), механизам претходно предложен од Пол Бојер. Ова дело, објавено во 1994 година, доведе до освојување на Нобеловата награда за хемија во 1997 година. Од оваа структура, Вокер и неговите колеги произведоа поголем дел од кристалните структури во PDB на митохондријалната ATP синтаза, вклучувајќи структури на преодна состојба и протеини со врзани инхибитори и антибиотици.

Предавање и менторство Многу студенти и постдокторски истражувачи кои студирале со Џон Вокер продолжиле со независни истражувачки кариери, вклучувајќи ги Леонид Сазанов, постдокторски соработник (ISTA) и Даниела Сток, постдокторска соработничка (Сиднеј).

Награди и признанија Вокер бил избран за член на EMBO во 1984 година Тој ја поделил Нобеловата награда со американскиот хемичар Пол Д. Бојер за нивното разјаснување на ензимскиот механизам што лежи во основата на синтезата на аденозин трифосфат. Тие ја поделиле наградата и со данскиот хемичар Јенс Ц. Скоу за истражување неповрзано со нивното (Откривање на Na+/K+-ATPаза). Сер Џон бил прогласен за витез во 1999 година за заслуги во молекуларната биологија. Тој е член на Советодавниот совет за Кампањата за наука и инженерство. Тој бил избран за член на Кралското друштво (FRS) во 1995 година. Вокер е исто така странски соработник на Националната академија на науките и почесен член на колеџот „Света Катерина“ во Оксфорд. Тој станал странски член на Кралската холандска академија на уметностите и науките во 1999 година. Во 2012 година му бил доделен медалот Копли .

Личен живот Вокер се оженил со Кристина Весткот во 1963 година и има две ќерки.

Наводи

Категорија:Витези-бакалауреати Категорија:Англиски нобеловци Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Британски нобеловци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за хемија Категорија:Англиски хемичари Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1941 година