Ликопенот ― органско соединение класифицирано како тетратерпен и каротен. Ликопенот (од неолатински Lycopersicon, име на поранешен род домати) е светло црвен каротеноиден јаглеводород што се наоѓа во доматите и друго црвено овошје и зеленчук.

Извор Освен во доматите или производите од домати како кечап, се наоѓа во лубеница, грејпфрут, црвени гуава и грав. Нема активност каковитамин А.

Кај растенијата, алгите и другите фотосинтетски организми, ликопенот е меѓупроизвод во биосинтезата на многу каротеноиди, вклучувајќи го и бета-каротенот, кој е одговорен за жолтата, портокаловата или црвената пигментација, фотосинтезата и фотозаштитата.

Како и сите каротеноиди, ликопенот е тетратерпен. Растворлив е во масти, но нерастворлив во вода. Единаесетте конјугирани двојни врски му ја даваат темноцрвената боја.

Поради силната боја, ликопенот се користи како прехранбена боја (регистрирана како E160d) и е одобрена за употреба во САД, Австралија и Нов Зеланд (регистрирана како 160d),Australia New Zealand Food Standards Code и Европската Унија (E160d).

Структура и физички својства Ликопенот е симетричен тетратерпен кој се состои од јаглерод и водород и е изведен од осум изопренски единици. Изолиран е во 1910 година, а во 1931 му е одредена структурата. Во својата природна, целосно транс форма, молекулата е долга и рамна, ограничена од својот систем од 11 конјугирани двојни врски. Конјугацијата е одговорна за нејзината длабока црвена боја.

Растенијата и фотосинтетските бактерии произведуваат trans ликопен.Кога е изложен на светлина или топлина, ликопенот може да претрпи изомеризација на кој било од цис-изомерите, кои немаат линеарна форма. Изомерите имаат различна стабилност, со подредување по стабилност: 5-цис ≥ all-trans ≥ 9-цис ≥ 13-цис > 15-цис > 7-цис > 11-цис. Во крвта, различни цис-изомери сочинуваат повеќе од 60% од вкупната концентрација на ликопен, но биолошките ефекти на поединечните изомери не се испитани. мини|Ликопенот е клучен меѓупроизвод во биосинтезата на многу каротеноиди. Каротеноидите како ликопенот се наоѓаат во фотосинтетските пигментно-протеински комплекси во растенијата, фотосинтетските бактерии, габите и алгите. Тие се одговорни за портокаловите и црвени бои на овошјето и зеленчукот, извршуваат различни функции во фотосинтезата и ги штитат фотосинтетските организми од прекумерно оштетување од светлина. Ликопенот е клучен меѓупроизвод во биосинтезата на каротеноиди, како што се бета-каротенот и ксантофилите.

Дисперзираните молекули на ликопен можат да се капсулираат во јаглеродни наноцевки, подобрувајќи ги нивните оптички својства. Бојата ја зголемува ефикасноста на апсорбирање на бојата која без значителна загуба на енергија се пренесува на наноцевката. Капсулацијата ја зголемува хемиската и термичката стабилност на молекулите на ликопен и овозможува нивна изолација и индивидуална карактеризација.

Биосинтеза Биосинтезата на ликопен кај еукариотските растенија и кај прокариотските цијанобактерии е слична. Синтезата започнува со мевалонска киселина, која се претвора во диметилалил пирофосфат. Потоа се кондензира со три молекули на изопентенил пирофосфат (изомер на диметилалил пирофосфат), за да се добие 20-јаглеродниот геранилгеранил пирофосфат. Две молекули од овој производ потоа се кондензираат во конфигурација опашка-до-опашка за да се добие 40-јаглеродниот фитоен, првиот чекор во биосинтезата на каротеноидите. Преку неколку чекори на десатурација, фитоенот се претвора во ликопен. Двете терминални изопренски групи на ликопенот можат да се циклизираат за да се произведе бета-каротен, кој потоа може да се трансформира во широк спектар на ксантофили.

Исхрана и метаболизам

Консумирање од страна на луѓето Апсорпцијата на ликопен бара тој да се комбинира со жолчни соли и масти за да се формираат мицели. Цревната апсорпција на ликопен се подобрува со присуство на масти и со готвење. Додатоците во исхраната со ликопен (во масло) може да се апсорбираат поефикасно од ликопенот од храната.

Извори Овошјето и зеленчукот што се богати со ликопен вклучуваат есенска маслинка, гак, домати, лубеница, розов грејпфрут, розова гуава, папаја, волчја капина (гоџи, бобинка роднина на доматот) и шипка. Кечапот е вообичаен диететски извор на ликопен. Иако гак (Momordica cochinchinensis Spreng) има највисока содржина на ликопен од кое било познато овошје или зеленчук (повеќе пати повеќе од доматите), сосови од домати, соковите и кечапот на база на домати сочинуваат повеќе од 85% од диететскиот внес на ликопен за повеќето луѓе. Содржината на ликопен во доматите зависи од сортата и се зголемува како што зрее овошјето.

За разлика од другите овошја и зеленчуци, каде што хранливата содржина, како што е витаминот Ц, се намалува по готвењето, преработката на доматите ја зголемува концентрацијата на биолошки достапен ликопен. Ликопенот во доматната паста е до четири пати повеќе биолошки достапен отколку во свежите домати. Преработените производи од домати, како што се пастеризираниот доматен сок, супата, сосот и кечапот, содржат поголема концентрација на биолошки достапен ликопен во споредба со суровите домати. Кога ликопенот се користи како додаток во храната (E160d), тој обично се добива од домати.

Несакани ефекти десно|мини|202x202пкс|Епрувета што содржи раствор од дихлорометан од ликопен Ликопенот не е токсичен и најчесто се наоѓа во исхраната, главно од производи од домати.> Постојат случаи на нетолеранција или алергиска реакција на ликопен во исхраната, што може да предизвика дијареја, гадење, болки или грчеви во стомакот, гасови и губење на апетитот. Ликопенот може да го зголеми ризикот од крварење кога се зема со антикоагулантни лекови. Бидејќи ликопенот може да предизвика низок крвен притисок, може да се појават интеракции со лекови кои влијаат на крвниот притисок. Ликопенот може да влијае на имунолошкиот систем, нервниот систем, чувствителноста на сончева светлина или лековите што се користат за стомачни заболувања.

Ликопенемијата е портокалова промена на бојата на кожата што се забележува при висок внес на ликопен.

Наводи

Категорија:Додатоци во исхраната Категорија:Прехранбени бои Категорија:Јаглеводороди Категорија:Каротиноиди