Успение на Пресвета Богородица — пештерна црква кај превојот Ќафасан, Албанија. Влегува во состав на Горичката митрополија на Албанската православна црква.

Црквата се наоѓа на надморска височина од 1.010 м, на планинскиот врв над Ќафасан, недалеку од Охридското Езеро и границата со Македонија.

Во храмот има вреден зачуван фрескоживопис. При самиот влез, кој е тешко пристапен, се распознава композицијата „Успение на Богородица“. Според фрагментарно сочуваниот живопис, компарирајќи го со истиот композионен приказ во охридските цркви, непознатиот зограф најверојатно бил претставник на Охридската школа од втората половина на XIV век.

Наводи

Категорија:Пештерни цркви во Албанија Категорија:Цркви во Горичката митрополија