Роузи ― зачувана голема бела ајкула која се наоѓа во изложбениот центар „Кристален свет“ во Девон Медоус, Австралија. Првично била зачувана во стаклен резервоар со формалдехид изложен во „Вајлдфајлд Вондерленд“ во Бас, Викторија, кој бил затворен во 2012 година поради загриженост за благосостојбата на животните и работење без соодветни дозволи. Таа била одредиште за урбано истражување во напуштениот парк сè додека не била пронајдена и префрлена во Изложбениот центар „Кристален свет“, каде што е во постапка на реставрација.
Историја Големата бела ајкула била убиена откако се заглавила во рибарски мрежи на брегот на Јужна Австралија во 1997 година. Центарот за морски живот „Сил Рокс“ првично покажал интерес за купување на ајкулата од семејството Лукин, но подоцна одлучил да не ја купи. Наместо тоа, ја купил „Вајлдвајд Вондерленд“.
Додека ајкулата била пренесувана до Вајлдлајф Вондерленд во Викторија во камион-ладилник, таа била запленета од Владата на Јужна Австралија бидејќи една жена била пријавена како исчезната, поради што била потребна некропсија на ајкулата во Музејот на Јужна Австралија.
По некропсијата, ајкулата била зачувана во раствор од формалдехид во резервоар изграден по нарачка.
Основачот на Вајлдлајф Вондерленд, Џон Метјуз, се присетил на зафатот на сопствеништво: „Тоа беше огромна логистичка операција, соработката со Музејот во Мелбурн, и сè нè чинеше околу 500.000 долари“.
„Моравме да изградиме наменски изградена соба , покривот мораше да биде отстранен, а ајкулата да биде внесена и да биде ставена во нов, запечатен аквариум.“
Поради токсичноста на резервоарот на Роузи од штетните хемикалии, доколку Метјуз не носел заштитно одело, ќе можел да помине само околу една минута во собата. Доколку не ги следел тие мерки на претпазливост, ќе доживеел иритација во очите, носот и грлото, а по подолг временски период веројатно ќе имал проблеми со дишењето.
Во 2012 година, било објавено дека Вајлдлајф Вондерленд работел без соодветни дозволи, што го принудило да престане со работа и да ги предаде сите живи животни на Кралското друштво за спречување суровост кон животните на Австралија и на Одделот за одржливост и животна средина на Викторија.
Вандализам Во ноември 2018 година, видео објавено на YouTube од урбаниот истражувач Лук Мекферсон покажувал внатре во распаѓачкиот парк за диви животни, а подоцна и како се среќава со аквариумот со ајкули. Неколку месеци подоцна, видеото на YouTube добило милиони прегледи, што довело до зголемување на бројот на незаконски влезови во имотот за да биде видена ајкулата, а вандалите исто така го оштетиле и го исцртале со графити аквариумот и неговата околина. Предмети како што се столчиња биле исто така фрлени во аквариумот. Месната полиција издаде јавни предупредувања за опасностите од посета на ајкулата, по штетата нанесена на витрината на ајкулата, што предизвикало истекување на ракородни пареи од формалдехид од аквариумот.
Реставрација мини|235x235пкс|Шејн Мекалистер вбризгува глицерол во ајкулата Роузи во изложбениот центар „Кристален свет“ за да биде спречено понатамошното разградување на изложените перки на ајкулата. Том Капитани ги водел напорите за реставрација на Роузи во изложбениот центар „Кристален свет“, кој се наоѓа на адресата „Олив Роуд“ број 13, Девон Медоус, Викторија, Австралија. Работни кадар на изложбениот центар го исфрлил формалдехидот од аквариумот за да го замени со глицерол како побезбедна замена како зачувувачки раствор.
Доцнења се случиле во текот на постапката на реставрација поради трошоците за полнење на резервоарот со глицерол, навел Том Капитани, велејќи: „На крајот ќе ни требаат 19.500 литри, што ќе нè чини 60.000 австралиски долари“.
Flying Fox Productions снимиле документарец кој ја следел приказната за историјата, уништувањето, спасувањето и реставрацијата на ајкулата Роузи.
Првично, откако ја презел сопственоста врз ајкулата, Капитани побарал совет од стручњак за ајкули и препарирање, наведувајќи: „На почетокот, се советувавме со стручњак за ајкули и препарирање за најдобриот начин да ја зачуваме и немаше лесен начин да го направиме тоа. Сè имаше компромис и проблем“. Тој додал, по совет од стручњаци за стакло во врска со скршените стаклени табли околу оградениот простор, „Има четири слоја стакло и само еден слој е скршен, па го задржуваме затоа што сè е дел од приказната“.
Ајкулата оттогаш е слободно изложена во изложбениот центар „Кристален свет“ додека продолжуваат напорите за реставрација, со постојано следење и вбризгување на глицерол во изложените делови на ајкулата сè додека резервоарот конечно не биде наполнет целосно со конзервансот.
Поврзано
Физичката невозможност на смртта во умот на некој што живее
Наводи
Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Починати животни во 1997 година Категорија:Единки ајкули Категорија:Единки препарирани животни Категорија:Вандализирани уметнички дела во Австралија Категорија:Туристички знаменитости во Викторија (сојузна држава) Категорија:Екотуризам