Лињак или линис (Tinca tinca) — слатководна риба од редот Cypriniformes, која се среќава низ цела Евроазија од Западна Европа, вклучувајќи ги Велика Британија и Ирска, на исток, па сè до реките Об и Eнисеј. Се среќава и во Бајкалското Езеро. Обично населува бавно движечките низински реки и езера.B. Whitton (1982).
Таксономија Лињакот првпат формално е опишан како Cyprinus tinca од Карл Линеj во 1758 година во 10-тото издание на Systema Naturae со неговата типска локација дадена како „европски езера“. Петтото издание на Fishes of the World ја класифицирала Tinca во потсемејството Tincinae, заедно со родот Tanichthys, додека други автори ги класифицирале двата рода во потсемејството Leuciscinae со други евроазиски ситни риби, но поновите филогенетски студии ја потврдиле нејзината припадност на сопственото семејство Tincidae.
Екологија мини|Аквариум на изложба во Прага Лињакот најчесто се среќава во мирни води со глинено или калливо дно и изобилство на вегетација.A. F. Magri MacMahon (1946). Овој вид е редок во бистри води со каменесто дно и е целосно отсутен во брзите потоци. Толерира вода со ниска концентрација на кислород, може да се најде во води каде што дури ни крапот не може да преживее.
Лињакот се храни претежно ноќе и преферира карниворна исхрана, како што се хирономидите на дното на еутрофните води, а полжави и школки во води со добра вегетација.
Размножувањето се одвива во плитки води, обично помеѓу водни растенија. Истото се одвива во лето, со мрестење на околу 300.000 јајца, со зелена боја и лепливи. Брзо растат и рибите достигнуваат тежина од 0.11 кг во првата година.A. Lawrence Wells (date unknown).
Морфологија Лињакот има крупен облик сличен на крап и маслинесто-зелена кожа, која е потемна на горниот дел, а на долниот дел може и да е златна. Задната перка е квадратна по форма, додека другите перки се заоблени. лево|мини|Во Англија Максималната големина е 70 см, иако просечните примероци се многу помали.G. Sterba (1962). Рекордна големина на уловена риба е во 2001 година во Англија со тежина од 6.89 кг. Очите се мали и црвено-портокалови по боја. Женките можат да достигнат тежина од околу 7 кг, иако просек е околу 4кг и се смета за голема. Мажјаците ретко достигнуваат повеќе од 3кг. Половиот диморфизам е силен, мажјаците можат да се препознаат по поголеми, посвиткани карлични перки што се протегаат надвор од анусот и забележливи мускули околу основата на овие перки, кои генерално отсуствуваат кај женките. Мажјаците исто така поседуваат многу дебел и сплескан надворешен зрак кон вентралните перки. Возрасните женки може да имаат поконвексен вентрален профил во споредба со мажјаците.G. Sterba (1962).
Лињакот има многу мали лушпи, кои се длабоко вкоренети во дебелата кожа, што ја прави лизгава. Народно дека оваа слуз ја лекувала секоја болна риба што се триела од неа, и од ова верување произлегло името риба доктор.
Златен лињак Вештачки одгледана сорта наречена златен лињак е популарна украсна риба за вештачки езерца. Оваа форма варира по боја од бледо златна до темноцрвена, а некои риби имаат црни или црвени точки на страните и перките.
Економско значење Лињакот може да се користи за исхрана и добро се вклопува во рецепти каде што инаку би се користел крап, но не се консумира често. Лињакот, особено златниот лињак, се чува и како украсна риба во езерца бидејќи се детриовори и помагаат во одржувањето на чистотата на водата.Dick Mills (2000).
Наводи
Категорија:Акваристика Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Риби Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј