Нуно Алешандре Тавареш Мендеш (роден на 19 јули 2002, во ) — португалски фудбалер, играч од одбраната на Париз Сен Жермен и на португалската репрезентација.
Технички карактеристики Откако ја започнал кариерата како офанзивен играч од средниот ред, тој постепено станал лев бек, кој ја претпочита офанзивната фаза благодарение на неговата способност за дриблинг, во комбинација со забележителната брзина, неговата физичка сила и неговите одлични вештини за центрирање. Иако е помалку ефикасен во одбранбената фаза, сепак е тешко да се совлада во ситуации еден на еден, а може да се користи и на понапредна позиција.
Тој изјавил дека е главно инспириран од Марсело и Давид Алаба, кои играат на истата позиција како него.
Клупска кариера Почетоци Роден во Синтра, Лисабонскиот округ, од Зеленортско потекло, Мендеш почнал да игра фудбал на 9 години. Тој бил забележан од неговиот учител Бруно Ботељо, кој го поканил да игра за локалниот клуб Деспертар на периферијата на Лисабон. Тој брзо се истакнал, последователно привлекувајќи го вниманието на Бенфика, Порто и Спортинг Лисабон, пред да се приклучи на младинскиот систем на последните на 10-годишна возраст.
За време на неговиот извиднички процес, кога се враќал дома од училиште, Мендеш сфатил дека го следи еден човек. Од страв да не биде ограбен, тој избегал дома, каде што живеел во многу сиромашна населба; „следачот“ всушност бил скаут на Спортинг, кој подоцна го убедил да потпише договор. Тој ги помина следните четири години правејќи двочасовно патување во двата правци за да тренира секоја вечер со својот учител, пред да се пресели во академијата на Спортинг на 14-годишна возраст.
Мендеш првично играл како офанзивен играч од средниот ред пред да биде претворен во лев бек, позиција на која се мачел во почетокот.
Спортинг Лисабон
По избувнувањето на пандемијата на КОВИД-19 во февруари, која донела предвремен крај на сезоната во младинскиот фудбал, Мендеш бил еден од малата група млади играчи кои биле повикани во првиот тим на Спортинг од тренерот Рубен Аморим, и покрај тоа што играл само еднаш од ноември поради повреда. Тој го направил своето деби во победата од 1–0 на домашен терен против Пасош Фереира на 12 јуни 2020 година, како замена во 72-рата минута за Маркос Акуња.
Откако во летото 2020, Акуња заминал во Севиља, Мендеш станал прв избор на само 18 години, станувајќи најмладиот играч кој влегол во почетниот состав на клубот по Кристијано Роналдо во септември 2002 година; Тој бил стартер во шест од седумте преостанати првенствени натпревари на неговиот тим. На 4 октомври истата година, тој го постигнал својот прв гол во дресот на „лавовите“ во победата од 2–0 над Портимоненсе. На 19 декември 2020 година, тој го продолжил договорот со клубот со што била зголемена и неговата откупна клаузула од 45 на 70 милиони евра.
На 23 јануари 2021 година, Мендеш го започнал и го одиграл целиот натпревар од финалето на Лига купот на Португалија, во кој Спортинг ја победил со 1-0, со што младиот лев бек го освоил својот прв трофеј во кариерата. Во првенството, тој забележал 29 настапи и еден погодок, помагајќи му на клубот да стане шампион на земјата за првпат после 19 години пауза, и бил избран во Тимот на годината.
На 31 јули 2021 година, Мендеш му асистирал на Жоване Кабрал при победата над Брага со 2–1, која им донела освојување на Суперкупот на Португалија.
Париз Сен Жермен На 31 август 2021 година, Мендеш му се приклучил на Париз Сен Жермен на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп. Дебитирал во Лига 1 на 11 септември, влегувајќи како замена во 85-тата минута од победата со 4–0 над Клермон. Четири дена подоцна, го одиграл својот прв натпревар во Лигата на шампионите, заменувајќи го Абду Диало по 75 минути во ремито 1–1 на гостувањето кај Клуб Бриж во групната фаза; тој имал моментално влијание на теренот, правејќи „брилијантен“ продор со кој му создал шанса за удар на Лионел Меси во 77-мата минута. Тој го имал својот прв старт во почетниот состав на ПСЖ кон крајот на истиот месец, во победата од 2–1 над Лион. Тој му помогнал на ПСЖ да ја освои својата 10-та национална шампионска титула (изедначувајќи се со Сент Етјен, како двете екипи со најмногу титули во францускиот фудбал) со 27 настапи (18 како стартер), а подоцна за својте перформанси бил номиниран за наградата Млад играч на годината (која не ја освоил) и бил вклучен во Тимот на годината заедно со двајца негови соиграчи.
На 31 мај 2022 година, откупната клаузула на Мендеш од 38 милиони евра била активирана и тој потпишал перманентен четиригодишен договор. Тој го постигна својот прв гол за ПСЖ на 3 септември, заокружувајќи ја победата од 3–0 на гости против Нант. На 2 ноември, го постигнал неговиот прв гол во Лигата на шампионите, победничкиот гол во успехот со 2–1 на гости против Јувентус во последниот натпревар од групната фаза. Тој бил еден од клучните играчи на тимот во освојувањето на рекордната 11-та титула на неговиот тим, добивајќи ја за своите заслуги наградата за Млад играч на годината и повторно бил вклучен во Тимот на годината.
Во мај 2023 година, Мендеш се здобил со повреда на тетивата, поради што морал да оди на операција, успешно опериран во октомври од хирургот Ласе Лемпаинен во Турку, Финска. Тој се вратил дури на 25 февруари 2024 година, играјќи 20 минути во ремито 1-1 на домашен терен против Рен влегувајќи на местото на Лукас Ернандес. Тој му помогнал на тимот да стигне до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што биле елиминирани од Борусија Дортмунд со вкупен резултат 2–0; На домашната сцена, ПСЖ освоиле тројна круна, триумфирајќи во првенството, Купот на Франција и Суперкупот на Франција, при што играчот не учествувал само во последното натпреварување поради повреда.
На 9 февруари 2025 година, Мендеш се согласил на продолжување до 2029 година. Десет дена подоцна, во реваншот од плејофот за нокаут фазата на Лигата на шампионите Лигата на шампионите, тој го постигнал петтиот гол на ПСЖ во победата од 7–0 над друг француски претставник Брест, помагајќи му на својот тим да се пласира во следната рунда со вкупен резултат од 10–0; Тој, исто така, ја погодил мрежата на Астон Вила во двата натпревари од четвртфиналето (победа дома со 3–1, пораз во гости со 3–2) на истото натпреварување. Сезоната за францускиот клуб завршила со освојувањето на тројната круна: Лига 1, Купот на Франција, и на крајот првата во историјата на клубот титула во Лигата на шампионите, освоена по убедливата победа од 5–0 над во финалето, додека Мендеш бил избран во Тимот на сезоната на натпреварувањето. Неговите настапи, исто така, го направиле кандидат за освојување на „Златната топка 2025“, каде бил рангиран на 10-тото место, додека победник бил неговиот клупски соиграч Усман Дембеле.
На 13 август 2025 година, во натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Тотенхем завршен со резултат 2-2 по регуларното време, ПСЖ победил по изведување на пенали а Мендеш го постигнал одлучувачкиот пенал за својот тим. На 5 октомври 2025 година, тој го постигнал својот прв гол во кариерата од слободен удар, во натпреварот на гости против Лил завршен со резултат 1-1.
Репрезентативна кариера Мендеш ја претставувал Португалија во младинските селекции под 16 години, под 17 години, под 18 години и под 19 години. На 4 септември, малку по своето клупско деби за Спортинг, тој бил повикан од Руи Жорже во репрезентацијата под 21 година, правејќи го своето деби во победата од 4–0 над Кипар во квалификациите за Европското првенство 2021 на 4 септември 2020 година.
Во март 2021, Мендеш бил повикан во сениорскиот тим од страна на селекторот Фернандо Сантос за квалификациските натпревари за Светското првенство 2022 против Азербејџан, Луксембург и Србија, и последователно бил отстранет од тимот под 21 година што требало да настапи на Европското првенство во категоријата. Своето деби го регистрирал на 24 март 2021 година, играјќи го целиот натпревар добиен со 1–0 против Азербејџан.
Тој потоа бил избран во тимот на „Селесао“ за Европското првенство 2020, каде сепак не забележал ниту еден настап на турнирот, кој португалците го завршиле со елиминација во осминафиналето. Сантош подоцна открил дека планирал да го користи заедно со Рафаел Гереиро за време на турнирот, но не можел да го стори тоа поради проблеми со повреди.
Во ноември 2022 година, Мендес бил избран во конечниот состав на Португалија за Светското првенство 2022 во Катар. Таму Мендеш се здобил со повреда на бутот во првото полувреме од вториот натпревар од групната фаза против Уругвај, со што го пропуштил остатокот од натпреварувањето на кое португалците дошле до четвртфиналето.
За време на квалификациите за Европското првенство 2024, Мендеш одиграл само еден натпревар против Луксембург, асистирајќи во деветтата минута за првиот гол на натпреварот постигнат од Кристијано Роналдо, во победата со 6–0; Тој го пропушти остатокот од квалификациската кампања поради повреда на тетивата, но Португалија и без него ги добила сите 10 натпревари во својата група и се квалификувала за завршницата од првенството. Откако бил повикан за завршниот турнир одигран во Германија, Мендеш започнал четири од петте натпревари на Португалија (не настапил само во третиот натпревар од групата) на турнирот завршен со четвртфиналната елиминација од на пенали.
Во 2025, Мендеш бил избран во португалскиот состав за завршницата на УЕФА Лигата на нации. На 4 јули, тој асистирал за победничкиот гол во победата со 2-1 на , а во финалето го постигнал својот прв погодок во дресот на репрезентацијата во натпреварот против што завршил 2-2. Тој одиграл важна улога во чувањето на Ламин Јамал, а потоа го реализирал својот удар во победата со 5-3 на пенали, по што бил прогласен за најдобар играч на турнирот.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 27 ноември 2025. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2019-2020 ПЛ 9 0 КП+ЛКП 0 0 ЛЕ 0 0 СП 0 0 9 0 2020-2021 ПЛ 30 2 КП+ЛКП 2+2 0 ЛЕ 2Во квалификациските кола. 0 - - - 36 2 ago. 2021 ПЛ 2 0 КП+ЛКП - - ЛШ - - СП 1 0 3 0Вкупно Спортинг Лисабон 41 2 4 0 2 0 1 0 48 2 2021-2022 Л1 27 0 КФ 2 0 ЛШ 8 0 СФ - - 37 0 2022-2023 Л1 23 1 КФ 2 0 ЛШ 6 1 СФ 1 0 32 2 2023-2024 Л1 6 1 КФ 3 0 ЛШ 5 0 СФ - - 14 1 2024-2025 Л1 24 1 КФ 5 0 ЛШ 16 4 СФ+Скп 1+2 0 48 5 2025-2026 Л1 8 2 КФ - - ЛШ 3 2 СУ 1 0 12 4Вкупно Париз Сен Жермен 88 5 12 0 38 7 5 0 143 12Вкупно во кариерата 129 7 16 0 40 7 6 0 191 14
Титули Клупски Спортинг Лисабон Примеира лига : 1 2020-2021
Лига куп на Португалија : 1 2020-2021
Суперкуп на Португалија : 1 2021
Париз Сен Жермен Лига 1 : 4 2021–2022, 2022–2023, 2023–2024, 2024–2025 Куп на Франција : 2 2023-2024, 2024-2025 Суперкуп на Франција : 2 2022, 2024 Лига на шампиони : 1 2024–2025 Суперкуп на Европа : 1 2025
Репрезентативни Португалија УЕФА Лига на нации : 1 2024–2025
Наводи
Надворешни врски
Нуно Мендеш на fbref Нуно Мендеш на transfermarkt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Родени во 2002 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026