Мартинка (Symphodus ocellatusе) вид на риба која припаѓа на семејството Labridae. Мажјакот расте до 12 см, а женката до 9 см. Телото им е издолжено и странично сплескано. Бојата и е променлива, во зависност од возраста и живеалиштето. Може да биде маслинесто зелена, жолтеникава, кафеава, па се до црвенкаста. На коренот на опашката се наоѓа црна дамка, а по должина на целата страна се протега белузлаво-сребренкаста лента.
Карактеристики Мартинката е распространета по целото Јадранско, Црно и Азовско море. Исто така, живее во крајбрежните области во плитка вода, на камено или песочно дно. Младите риби се движат во мали групи, честопати здружени со други риби од семејството. Возрасните единки најчесто остануваат сами. Се хранат со ракчиња, полжави и школки. Нивниот животен век е до 5 години.
Во текот на пролетта и летото, нивната главна задача е да градат гнезда, да заведуваат женки и да чуваат јајца. За да изградат големо гнездо, тие треба стотици пати да собираат парчиња алги, да ги носат во устата, а потоа да ги вткајат во гнездото, кое секојдневно мора да се одржува чисто и уредно.
Гнездото е сместено на длабочина од 2,5 метри во област населена со кафеави алги и бидејќи е во зелена боја лесно е воочливо за женките. Тие пливаат во групи од по неколку единки и избираат гнездо. Мажјакот ја освојува женката така што ги покажува своите свадбени бои. Откако ќе положи икри тој ја брка и продолжува сам да се грижи за јајцата; гради ново гнездо и чека нова женка. Женката оди кај други мажјаци и може во една година да ослободи 7000 икри.
Во аквариумот Мартинката е погодна за чување бидејќи не расте голема, има светли бои, интересно однесување и лесно се навикнува на живот во аквариумот. Може да издржи до 30 °C, но исто така треба да се избегнува и чување на толку висока температура. Може да се храни со сува храна (ливчиња, гранули), опашки од ракчиња и ракчиња артемија.
Видови Мартинката или морскиот гргеч живее околу 2 до 3 години. Оваа риба е чистач и помага во отстранувањето на паразити и бактерии од другите поголеми риби. Во нивната популација, можеме да разликуваме 3 различни групи машки единки - таканаречените „гнездечки“ мажјаци, прикрадувачи и таканаречените сателити. Првите се најголемите и се со силни бои. Нивната основна улога е да ги заштитат женките, да ги градат и чуваат гнездата и да се грижат и да ги негуваат младите. Тие градат гнезда од морски алги. Прикрадувачи се најмали и по боја речиси не се разликуваат од женките. Тие не ги чуваат женките ниту младите, а се појавуваат за време на парењето помеѓу женките и мажјаците гнездечи и се обидуваат да ги оплодат јајцата наместо мажјаците гнездечи. Сателитите се по големина и бои помеѓу првите две групи. Тие помагаат во заштитата на женките, ги бркаат њушкачите, но не помагаат во грижата за младите. Уште во рана младост се одредува на кој тип припаѓаат мажјаците.
Наводи
Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Морски риби Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј