Гопа (Boops boops) — вид орада домородна на источниот Атлантик.

Распространетост и живеалиште Видот се среќава покрај бреговите на Европа, Африка, Азорските Острови и Канарските Острови, од Норвешка до Ангола, како и во Средоземното и Црното Море. Ги избегнува солените води како што е Балтичкото Море. Како демерсален и полупелагична риба, генерално може да се најде на длабочина од 100 м ,а ретко и до 350 м.

Екологија Се храни со алги, ракови и одреден вид планктон, во јатата што се издигаат на површината ноќе. Поединци можат да достигнат 36 см, но просечна големина им е 20 см.

Одредувањето на полот кај рибата е нејасно. Различно е опишана како рудиментарен интерсексуален организам, со неколку интерсексуални единки или менлив интерсексуален организам, при што единките го започнуваат животот како женки, а некои подоцна стануваат машки.

Човечка употреба Видот се лови комерцијално, со 37.830 тони уловени во 2008 година. Стандардите на Европската комисија вклучуваат три категории на големина за Boops boops, од големина 3, која е помеѓу 32 и 70 риби на килограм, до големина 1, која е не повеќе од 5 риби на килограм.

Кога се чистат и пржат во тава, се печат на скара или се печат свежо, тие имаат добар вкус, но кога се складираат, нивната цревна флора наскоро шири непријатни вкусови на нивното месо.

Нивниот рок на траење е ограничен, како на пример кога се чуваат замрзнати (0 °C) во текот на една недела, или малку над нулата во текот на 2 до 4 дена, вкусот по готвењето станува со „неприфатлив квалитет“. Голем дел од уловот се користи за рибино брашно или мамка за риболов на туна. Boops boops се користи како индикатор за микропластично загадување во Средоземното Море.

Паразити Рибата е домаќин на широк спектар на паразити, почнувајќи од метазои како што се моногените сплескани црви (на пр. Microcotyle isyebi и Cyclocotyla bellones), боцкоглавци, нематодни, изоподи и копеподни ракчиња и жаркари, па сè до едноклеточниот динофлагелат Ichthyodinium chabelardi, паразит смртоносен за јајцата што се развиваат во јајниците. Пријавени се најмалку 67 видови метазои паразити од овој вид. По излевањето на нафтата од Престиж во 2002 година, заедницата на паразитски видови што живеат во гопата фатена покрај брегот на Шпанија била значително изменета.

Галерија

Наводи

Категорија:Риби во Средоземното Море Категорија:Риби Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј