Раул Албиол Тортахада (роден на година, во Виљамарчанте) — шпански фудбалер, играч од одбраната на Пиза.
Биографија Прекарот му е El Chori. Неговиот постар брат Мигел, исто така бил фудбалер, додека неговиот татко, исто така по име Мигел, играл во Сегунда Дивисион со Сабадел. Неговиот помлад брат, Бријан, го добил името по Бријан Лаудруп, кого Раул го почитувал поради неговиот успех со данската репрезентација.
Албиол имал две ќерки со својата сопруга Алисија. Во 2008 година, заедно со Гиљермо Франко и Маркос Сена, тој го основал ФК Еванџелико, организација составена од 140 спортисти и 16 тренери која имала за цел да ги промовира христијанските вредности меѓу младите спортисти во Шпанија.
Технички карактеристики
Играч со импозантна градба, чија претпочитана позиција е централен дефанзивец, но доколку е потребно, може да ја покрие и улогата на десен бек или дефанзивен играч од средниот ред. Меѓу најголемите квалитети со кои располага се играта во воздухот и зонското покривање.
Клупска кариера Валенсија Роден во Виљамарчанте, Валенсија, Албиол почнал да игра фудбал во два скромни клуба во неговиот роден регион, префрлувајќи се во најважниот тим во регионот Валенсија, пред да го прослави својот 10-ти роденден. Своето деби за првиот тим го направил на 24 септември 2003 година во натпреварот од првото коло на Купот на УЕФА против АИК на 18 години и 20 дена, но ја поминал првата година со резервите.
Во август 2004 година, додека патувал за да потпише договор за преминување на позајмица во Хетафе, Албиол бил вмешан во сериозна сообраќајна несреќа, при што бил сместен на интензивна нега. Тој успеал целосно да се опорави и, откако се вратил на терените во јануари, одиграл важна улога тимот да ја добие борба за опстанок во Примера Дивисон. Тој го имал своето деби во првенството на 15 јануари 2005 година во ремито 1-1 на домашен терен против Атлетико Мадрид, додека првиот гол го постигнал против Реал Мадрид, во победата со 2–1 на домашен терен два месеци подоцна.
Следната сезона, Албиол се вратил на Местаља и брзо се етаблирал како прв избор во тимот на Валенсија поради неговата разноврсност. Во првиот натпревар од првенството 2006–2007, тој го постигнал победничкиот гол против Реал Бетис во победата од 2–1 на домашен терен. Тој, исто така, постигнал гол од далечина против Олимпијакос на 12 септември 2006, во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите, кој Валенсија го добила со 4–2 на гостински терен.
Во неговата четврта сезона со Валенсија, Албиол одиграл 29 првенствени натпревари и бил витален дел од тимот кој го освоил Купот на Шпанија.
Реал Мадрид
На 25 јуни 2009 година, Албиол потпишал за Реал Мадрид во трансфер вреден околу 15 милиони евра. станувајќи првиот шпански играч потпишан од Флорентино Перес по неговото враќање на претседателската функција. На 8 декември 2009, тој го постигнал својот прв гол за „Los Blancos“ победата од 3–1 на гости против Олимпик Марсеј во Лигата на шампионите. Тој бил неоспорен стартер за време на неговата прва сезона во клубот, главно поради сериозната повреда на коленото на Пепе.
Во сезоната 2010–2011, Албиол бил деградиран на клупата откако во Реал донеле нов играч на неговата позиција, Рикардо Карваљо, што драстично ги намалило можностите за игра на Албиол, кој бил стартер во првенството само кога соиграчите отсуствувале поради повреда или суспензија; сепак, тој бил постојан стартер во Купот на Шпанија, каде Реал Мадрид имале успех освојувајќи ја својата 18-та титула во натпреварувањето. На 26 јануари 2011 година, во првиот полуфинален натпревар против Севиља (победа од 1–0 на гости), тој спасил чист гол блокирајќи го непосредно пред гол-линијата ударот на Луис Фабијано. На 16 април, тој бил исклучен поради фаул во шеснаесеттникот над поранешниот соиграч од Валенсија, Давид Виља, за време на популарното дерби во шпанскиот фудбал „Ел Класико“ против Барселона, што завршило со резултат 1-1.
На 6 август 2012 година, Албиол го обновил својот договор со клубот до јуни 2017 година. На 27 ноември, во неговиот прв настап како капитен, во натпреварот од купот на домашен терен против Алкојано, тој морал да биде изнесен на носилка по само една минута игра, отсуствувајќи приближно еден месец поради повреда на глуждот.
Наполи thumb|upright=0.9|Албиол со во 2015 На 21 јули 2013 година, Албиол се приклучил на италијанскиот клуб Наполи за сума од 12 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор. Во Кампанија, тој го нашол и Рафаел Бенитес, новиот тренер на тимот и негов поранешен тренер од деновите во Валенсија. Дебитирал во Серија А со дресот на „наполитанците“ на 25 август 2013 година, во натпреварот Наполи - (3-0), во рамките на првото коло од првенството. На 25 јануари 2014 година, тој го постигнал својот прв гол за Наполи во натпреварот против (1-1), со кој го изедначил резултатот во 88-мата минута. На 3 мај, тој го одиграл целиот натпревар во финалето на Купот на Италија, во кој Наполи ја совладал Фјорентина со 3–1, завршувајќи ја победнички својата прва сезона со клубот.
Во Неапол тој поминал шест сезони од 2013 до 2019 година, забележувајќи вкупно 236 настапи и 6 гола за клубот.
Виљареал thumb|left|Албиол (бр. 3) во дресот на Виљареал слави победа со соиграчите во натпревар од Лига Европа против Динамо Киев. На 4 јули 2019 година, 33-годишниот Албиол се вратил во Шпанија, откако се согласил на тригодишен договор со Виљареал. Тој го имал своето деби на 17 август, во ремито 4–4 на домашен терен против Гранада. Својот прв гол за клубот го постигнал на 15 декември 2019, во победата со 1-2 на гостувањето кај .
Албиол постигнал два гола на 11 настапи во УЕФА Лига Европа 2020-2021, каде што клубот го освоил првиот голем трофеј во својата 98-годишна историја. Во Суперкупот на УЕФА 2021 против Челси, тој го промашил одлучувачкиот пенал во поразот на „жолтата подморница“ по изведување на пенали.
На 12 април 2022 година, Албиол бил прогласен за играч на натпреварот во ремито 1–1 на гости против Бајерн Минхен во реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, резултат кој на Виљареал му бил доволен да пласира во полуфиналето, елиминирајќи ги германците со вкупен резултат 2–1. Откако не играл воопшто во вториот дел од сезоната 2024-2025, Албиол го напуштил Виљареал во мај 2025, станувајќи слободен играч.
Пиза На 2 септември 2025, два дена пред неговиот 40-ти роденден, Албиол како слободен играч потпишал едногодишен договор со новопромовираниот клуб во Серија А, .
Репрезентативна кариера
Откако играл за репрезентациите на Шпанија под 19, под 20 и под 21 година, дебитирал за сениорската репрезентација на 13 октомври 2007 година, на возраст од 22 години, во натпреварот на гости против , во квалификациите за Европското првенство 2008. Повикан потоа од Луис Арагонес и за завршниот турнир од континенталното натпреварување во Австрија и Швајцарија, каде шпанците ја однеле и конечната победа, тој одиграл два натпревари против и .
Во ерата на новиот селектор, Висенте дел Боске, Албиол настапил на Купот на конфедерации 2009 во Јужна Африка, каде го започнал првиот натпревар на Шпанија добиен со 5-0 против Нов Зеланд. Следната година бил избран и за Светското првенство 2010 во истата земја, каде Шпанија за првпат станала светски шампион, но не ја напуштил клупата на тимот откако се повредил на тренинг.
Повторно како неискористен играч, тој бил во составот и за Европското првенство 2012 во Полска и Украина, кој исто така, завршил триумфиално за „црвената фурија“. Последователно, две години подоцна добил повик и за Светското првенство 2014. Тој го имал своето деби на турнирот во последниот натпревар од групата против Австралија, каде откако шпанците веќе биле елиминирани, тој ги одиграл сите 90 минути како партнер на Серхио Рамос во центарот на одбрана во победата од 3–0.
Својот последен натпревар за Шпанија го одиграл на 8 септември 2021 година, во победата со 2-0 над во Приштина во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022.
Вкупно за шпанската репрезентација одиграл 58 натпревари, без постигнат гол.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2002-2003 Валенсија Б СДБ 14 3 - - - - - - - 14 3 2003-2004 СДБ 35 2 - - - - - - - 35 2Вкупно Валенсија Местаља 49 5 - - - - - - 49 5 2003-2004 ПД 0 0 КШ 0 0 КУ 2 0 - - - 2 0 2004-2005 Хетафе ПД 17 1 КШ 2 0 - - - - - - 19 1 2005-2006 ПД 29 1 КШ 4 0 ИК 3 0 - - - 36 1 2006-2007 ПД 36 1 КШ 4 2 ЛШ 12 1 - - - 52 4 2007-2008 ПД 32 1 КШ 6 0 ЛШ 7 0 - - - 45 1 2008-2009 ПД 34 2 КШ 2 0 КУ 6 0 СШ 2 0 44 2Вкупно Валенсија 131 5 16 2 30 1 2 0 179 8 2009-2010 ПД 33 0 КШ 2 0 ЛШ 8 1 - - - 43 1 2010-2011 ПД 20 0 КШ 6 0 ЛШ 6 0 - - - 32 0 2011-2012 ПД 10 0 КШ 2 0 ЛШ 5 0 СШ 0 0 17 0 2012-2013 ПД 18 1 КШ 5 0 ЛШ 2 0 СШ 1 0 26 1Вкупно Реал Мадрид 81 1 15 0 21 1 1 0 118 2 2013-2014 А 32 1 КИ 5 0 ЛШ+ЛЕ 6+3 0 - - - 46 1 2014-2015 А 35 0 КИ 3 0 ЛШ+ЛЕ 2Плејоф.+10 0 СИ 1 0 51 0 2015-2016 А 36 1 КИ 0 0 ЛЕ 3 0 - - - 39 1 2016-2017 А 26 0 КИ 3 0 ЛШ 6 0 - - - 35 0 2017-2018 А 31 3 КИ 0 0 ЛШ+ЛЕ 72 во плејофот.+1 0+0 - - - 39 3 2018-2019 А 20 1 КИ 0 0 ЛШ+ЛЕ 6+0 0+0 - - - 26 1Вкупно Наполи 180 6 11 0 44 0 1 0 236 6 2019-2020 ПД 36 1 КШ 2 0 - - - - - - 38 1 2020-2021 ПД 35 0 КШ 1 0 ЛЕ 11 2 - - - 47 2 2021-2022 ПД 28 0 КШ 2 1 ЛШ 12 0 СУ 1 0 43 1 2022-2023 ПД 25 0 КШ 1 0 ЛК 1 0 - - - 27 0 2023-2024 ПД 26 0 КШ 1 0 ЛЕ 3 0 - - - 30 0 2024-2025 ПД 15 0 КШ 1 0 - - - - - - 16 0Вкупно Виљареал 165 1 8 1 27 2 1 0 201 4 2025-2026 А 2 0 КИ 1 0 - - - - - - 3 0Вкупно во кариерата 627 19 54 3 122 4 5 0 807 26
Титули Клупски Валенсија Куп на Шпанија : 2007-2008 Куп на УЕФА : 2003-2004
Реал Мадрид Примера Дивисион : 2011-2012 Куп на Шпанија : 2010-2011 Суперкуп на Шпанија : 2012
Наполи Куп на Италија : 2013-2014 Суперкуп на Италија : 2014
Виљареал УЕФА Лига Европа : 2020-2021
Репрезентативни Шпанија У19 Европско првенство под 19 години : 2004
Шпанија Светско првенство : 2010 Европско првенство : 2 2008, 2012
Наводи
Надворешни врски
Раул Албиол на fbref Раул Албиол на transfermarkt Раул Албиол на espn Раул Албиол на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Фудбалери на ФК Хетафе Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Виљареал Категорија:Фудбалери на ФК Пиза