Титон () — љубовник на Еос, божица на зората, во старогрчката митологија. Тој бил принц од Троја, син на кралот Лаомедон од најадката Стримо (). Митологијата што ја одразувале атинските вазни сликари од петтиот век го замислувала Титон како рапсод, како што сведочи лирата во неговата рака (прикажано на ојнохое (бокал за вино) од Ахиловиот сликар, околу 470–460 година п.н.е.).

Астероид (6998) бил именуван по Титон.

Етимологија Се смета дека името Титон алудира на „дар за истегнување“ (од teinō и ōnė), и се однесува на истегнувањето на неговиот живот, по молба на Еос; но можно е и да станува збор за машка форма на името на Еос, Titonë – од titō, „ден“Tzetzes on Lycophron, Alexandra 941 и onë, „кралица“ – и да значело „партнер на Кралицата на денот“.

Митологија мини|Еос го гони неволниот Титон, кој држи лира, на атичко ојнохое на Ахиловиот сликар, (Лувр). Се смета дека Еос го зела Титон, од кралската куќа на Троја, за нејзин љубовник. Митот за љубовта помеѓу Еос и Титон му бил познат на Хомер, кој напишал дека наутро Еос станувала од креветот што го делела со Титон за да му ја даде својата светлина на човештвото.Homer, Odyssey 5.1: "And now, as Dawn rose from her couch beside Tithonos - harbinger of light alike to mortals and immortals." Trans. Samuel Butler.

Митемата за смртниот љубовник на божицата е архаична; кога била вметната улога за Зевс, се појавил горчлив пресврт: според Хомеровата химна на Афродита,Homeric Hymn to Aphrodite, 218 ff. кога Еос го замолила Зевс да го направи Титон бесмртен, таа заборавила да побара да му биде дадена вечна младост.Homeric Hymn to Aphrodite, 218–238. Титон навистина живеел засекогаш,но кога одвратната старост го обзела и тој не можел да се помрдне ниту да ги крене екстремитетите, ова ѝ се чинело во срцето како најдобар потег: го положила во една соба и го ставила пред сјајните врати. Таму тој брборил бескрајно и повеќе немал никаква сила, каква што некогаш имал во своите еластични екстремитети. Во подоцнежните раскажувања, тој на крајот станал цикада (tettix),Keightley, p. 63; Suda, s.v "Old Man Tithonus". вечно жив, но молејќи смртта да го совлада. Во олимпискиот систем, „кралицата“ и „златнопрестолона“ Еос повеќе не можела да му дава бесмртност на својот љубовник како што направила Селена, туку морала да ја побара од Зевс, како благодет. Во записот на Хиероним Родоски од третиот век п.н.е., вината се префрла од Еос на Титон, кој побарал бесмртност, но не и безвременска состојба на постоење, па таа потоа не можела да му помогне на друг начин и го претворила во цикада.Tsagalis and Markantonatos, p. 297 Проперциј напишал дека Еос не го напуштила Титон, стар и остарен каков што бил, и сè уште го прегрнувала и го држела во своите раце, наместо да го остави напуштен во неговата студена одаја, додека ги проколнувал боговите за неговата сурова судбина.Propertius, Elegies 2.18b

Еос му родила на Титон два сина, Мемнон и Ематион. Според Квинт Смирнеј, Мемнон бил одгледан од Хесперидите на брегот на Океан.Quintus Smyrnaeus, Fall of Troy, ii. 495. Според историчарот Диодор Сицилиски, Титон, кој патувал источно од Троја во Асирија и ја основал Суза, бил поткупен со златна лоза за да го испрати својот син Мемнон да се бори во Троја против Грците.Diodorus Siculus book 4.75, book 2.22.

Поемата „Титон“ е едно од ретките речиси комплетни дела на грчката лирска поетеса Сафо, составена од фрагменти откриени во период од повеќе од сто години.

Во културата Овој мит веројатно се користел за да се објасни зошто цикадите биле особено бучни во раните утрински часови, кога зората се појавувала на небото.Loeb Classical Library, Homeric Hymns, Homeric Apocrypha, Lives of Homer, 2003, p. 177, note 48 Џејмс Џорџ Фрејзер забележува дека меѓу античките Грци и неколку други народи било широко распространето верувањето дека суштествата што можат да ја променат кожата ја обновуваат својата младост и живеат вечно.See Frazer's note on Apollodorus 3.12.4 Овапверојатно атување на фактот дека високиот разговор на старите луѓе бил споредуван со пеењето на цикадите, како што се гледа во еден пасус од Илијада.Hard, Robin, The Routledge Handbook of Greek Mythology: Based on H.J. Rose's "Handbook of Greek Mythology", Psychology Press, 2004, ISBN 9780415186360, p. 47. сушност, античките Грци користеле цикада што седи на харфа како симбол на музиката.Tzetzes on Lycophron, Alexandra 941

Еос (како Тезан) и Титон (како Тинту или Тинтун) биле сликовен мотив испишан или излеан во низок релјеф на грбот на етрурските бронзени рачни огледала.Marilyn Y. Goldberg, "The 'Eos and Kephalos' from Caere: Its Subject and Date", in American Journal of Archaeology vol. 91, part 4, pp. 605–614, fig. 2 (October, 1987).

Во модерната култура

Титон како остарен бесмртник бил споменат во Книга I, Канто II, Станза VII од Кралицата на вилите на Едмунд Спенсер. „Титонус“ од Алфред Тенисон првично била напишана како „Титон“ во 1833 година, а била завршена во 1859 годинаTzetzes on Lycophron, Alexandra 941 Песната е драматичен монолог во празен стих од гледна точка на Титон. За разлика од оригиналниот мит, Титон е тој што бара бесмртност, и Аурора, а не Зевс, го дава овој несовршен дар. Како наратор, Титон се жали на својата неприродна долговечност, што го одделува од смртниот свет, како и од бесмртната Аурора. Книгата на германскиот филозоф Јохан Готфрид Хердер „Tithonus und Aurora“ била објавена во 1792 година. „Титон“ бил споменат во песната „За имагинацијата“ од Филис Витли. „Старосната песна“ на Сафо, понекогаш позната како „Титонова песна“, дискутира за убавината и стареењето.

Поврзано

Аурора Кумејска Сибила, уште еден смртник на кој му бил даден продолжен животен век, но не и вечна младост. Титон (Досиеја икс), епизода од Досиеја икс што е модерно прераскажување на приказната. Селемнос, смртник кој бил напуштен од својата бесмртна љубовница откако остарел Мија, уште еден митолошки инсект.

Наводи

За понатамошно читање

Грејвс, Роберт, Грчките митови: Целосно и конечно издание. Penguin Books Limited. 2017. ISBN 978-0-241-98338-6 , 024198338X Сегал, Чарлс. „Титон и Хомеровата химна на Афродита: Коментар“. Аретиза 19, бр. 1 (1986): 37–47. Пристапено на 10 мај 2020 година.

Надворешни врски

Поемата на Сафо Тенисоновата песна

Категорија:Бесмртност Категорија:Тројанци Категорија:Старогрчка митологија