Шапкарски занает — традиционален занает во кој мајсторот – шапкар изработува и продава капи (шапки), што служат како заштита на главата и како моден додаток мини|алт=Шапкарска работилница|Шапкарска работилница

За занаетот Изработката на шапки била древен занает кој произлегол од потребата за заштита на главата и во зима и во лето, но и како моден додаток. Многу општествени правила биле поврзани со носењето шапки. Овие правила пропишувале кога шапката можела да се отстрани од главата, а кога не.

Во минатото, шапките ги носеле само мажи, а моделите биле речиси исти. Тие се разликувале по боја: за помлади и постари мажи.

Потребно било најмалку еден ден за да се направи една шапка. Шапката се изработувала според моделот, обемот на главата и големината на ободот.

Во поново време, ретки биле занаетчиските продавници што рачно изработувале шапки како што се правеле некогаш. лево|мини|327x327пкс|Шапкар од Стара скопска чаршија

Алатки и додатоци Во својата работа, шапкарот – занаетчија користел:

суровини од кои се правеле капите: најчесто се користел зајачки филц; нож, ножици, игли, конец, напрсток; дрвени калапи; мерач за глава, мерна лента за кројачи; железо; машина за шиење;

Наводи

Надворешни врски

СТАРИ ЗАБОРАВЕНИ ЗАНАЕТИ: Што правеле абаџиите, мутавџиите, рабазите, опанчарите, куџунџиите? Стари занаети – Шапкар ЗАБОРАВЕНИ ЗАНАЕТИ Стари занаети

Категорија:Занаети