Змија чуваркуќа се појавува како митско суштество кое обично живее во темелите на куќата или во огништето. Се верува дека змијата чуваркуќа го претставува предокот на семејството, односно првиот предок кој го формирал тоа семејство, или во некои региони тоа е предокот кој бил најзаслужен и кој се истакнал на некој начин. Домашната змија била поканувана на вечера ако семејството било во неволја.
Змијата чуваркуќа најчесто била бела, но во некои области се замислувала дека е црна. Ретко се појавувала. Појавата на змијата чуваркуќа во куќата или дворот значело дека ќе се случи некој лош настан за домаќинството. Во оваа смисла, змијата чуваркуќа имала улога да го предупреди домаќинството за некој лош настан. Појавата на змијата чуваркуќа секогаш предупредувала на зло, додека не се појавувала кога требало да се случат поволни настани за семејството. Ова значело дека претставувала гласник на лоши вести. Тој лош настан можел да стане уште полош ако змијата биде убиена. Бидејќи луѓето се плашеле од змии, често се случувало таа да биде убиена. Ако таа биде убиена, тоа претставувало голема навреда за предците. На овој начин, предокот бил убиен, а гревот што бил направен бил на ниво на кланот. Одмаздата од предците доаѓала во форма на неизбежна смрт на еден од членовите на домаќинството.
Змијата го претставува тотемското животно од култот на предците. Како што предците биле луѓе кои можеле да бидат добри, лоши, а понекогаш и суетни, така можела и змијата. Затоа, таа не претставува добро или лошо митско суштество, исто како што не биле боговите, кои имале човечки квалитети и се однесувале во зависност од ситуацијата.
Сепак, ликот на предвесник на зли настани е всушност доказ дека митскиот предок сака да му помогне на своето семејство, посочувајќи настан што ќе се случи или може да се случи. Доколку семејството би можело да разбере за што се работи, можело да го избегне тој лош настан.
Поврзано
Родноверие
Наводи
Категорија:Словенска митологија Категорија:Митологија Категорија:Митолошки змии