Скопски чинар — чинар во дворот на Иса-беговата џамија во Скопје. Во Македонија тој е вториот чинар по старост, најстар е охридскиот чинар. Заштитен како споменик на природата е од 1993 година.
Местоположба Чинарот се наоѓа во дворот на Иса-беговата џамија во Скопје.
Опис Дрвото е високо 20 м, а стеблото има обем од 7,3 метра.
Историја Чинарот е засаден во дворот на познатата џамија „Иса-бегова џамија“, која е подигната во првата половина на 15 век, 1475/1476 година. Таа е оставина, изградена е посмртно по барање од самиот Иса-бег, како што стои во неговото сочувано вакафнаме, напишано неколку години порано (1469).
Проценка на староста Официјални податоци за староста на овој чинар не постојат.
Се претпоставува дека е засаден истовремено со изградбата на џамијата, па неговата старост би била околу 550 години.
Поврзано Иса-бегова џамија (Скопје)
Наводи
Надворешни врски „Стебла со историја – кои се најдревните старци меѓу дрвјата!?“, „Вечер“, 1.1.2026.
Категорија:Поединечни дрва во Македонија Категорија:Чинари Категорија:Скопје Категорија:Појавено во 15 век во Македонија