Општина Средно Коњари, именувана и како Месен народен одбор Средно Коњари ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 година.

Историја Месниот народен одбор Средно Коњари бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Горно Коњари, Долно Коњари, и Средно Коњари. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Средно Коњари останал територијално непроменет. Тогаш, МНО Средно Коњари припаднал во новата Скопска Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Средно Коњари бил проширен на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Сушица со неговите села Дивље и Сушица. Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Средно Коњари останала територијално иста. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Средно Коњари била укината и нејзината општинска територија припаднала на Општина Петровец.

Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Средно Коњари имал 2,393 жители, односно вкупното население на Горно Коњари, Долно Коњари, и Средно Коњари. Од таа бројка, 481 биле Македонци, 1,749 биле Турци, 157 биле Роми, 4 биле Албанци, додека 2 биле Срби.

Според пописот од 1953 година, Општина Средно Коњари имала 3,765 жители, односно вкупното население на Горно Коњари, Дивље, Долно Коњари, Средно Коњари и Сушица.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година: Народност Вкупно Македонци 1,178Албанци 1Турци 1,931Срби 11Роми 41Црногорци 3

Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948) Список на општини во Македонија по население (1953)

Наводи

Средно Коњари Средно Коњари Средно Коњари Категорија:Маџарска Околија Категорија:Скопска Околија