„Дејзи Милер“ (англиски: Daisy Miller) – филм на режисерот Питер Богданович од 1974 година. Главните улоги ги играат: Сибил Шепард, Бари Браун и Клорис Личман.Дејзи Милер (пристапено на 15.12.2025)
Синопсис Кон крајот на 19 век, Ени Милер, позната како Дејзи, од Шенектади во државата Њујорк, се наоѓа на голема европска турнеја со мајка ѝ Изом Милер, со својот талентиран брат Рендолф Милер и со нивниот слуга Еугенио. Во Вевеј, Швајцарија, Дејзи го запознава Фредерик Винтерборн, Американец кој студира во Женева. Фредерик е воодушевен од убавината на Дејзи, но ја смета за необразована и непристојна поради нејзиното модерно однесување бидејќи таа не се придржува кон правилата што важат во круговите во кои се движи Фредерик. Лошото мислење за Дејзи го дели и Фредериковата тетка, госпоѓата Костело, која го придружува. Од друга страна, Дејзи го смета Фредерик за тврд и воздржан. За време на патувањето од Вевеј до Рим, Фредерик станува вознемирен поради Дејзи, осебено кога таа флертува со господинот Џованели кого го запознава во Рим...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1974 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Рим Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Швајцарија Категорија:Филмови на Питер Богданович Категорија:Филмови со Сибил Шепард Категорија:Филмови со Бари Браун Категорија:Филмови со Клорис Личман