Детска градинка „Сонце“ - Брвеница (официјално: ЈОУДГ „Сонце - Диели“ - Брвеница) ― детска градинка што се наоѓа во тетовското село Брвеница, Македонија.
Местоположба
Градинката се наоѓа во рамки на училишниот двор на основното училиште „Коста Рацин“ во Брвеница, сместена помеѓу главниот училиштен објект и спортската сала.
Историја
Детската градинка била отворена во декември 2020 година од страна на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Градинката била прва детска градинка во Општина Брвеница и во нејзе можеле да се сместат 65 деца.
Галерија
Наводи
Надворешни врски „Сонце“ на општинската страница
Категорија:Детски градинки во Македонија Категорија:Брвеница