Ленче Јованова-Журиќ ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Таа била студент, напредна младинка од времето на кралството Југославија. Во 1941 година раководела со една СКОЈ-евска група, со која собирала народна помош. По налог на Месниот Комитет на КПЈ-Велес била вработена во поштата во Велес 1941/42 година. мини|283x283пкс|Списанието „Македонка“, 1944, насловна страна Во антифашистичката демонстрација на жените од Велес на 11 мај 1942 година земала активно учество. Таа била и во управата на женското друштво „Надежда“ организирано од окупаторот и во него ја спроведувала линијата на КПЈ. Собирала народна помош во облека и пари, растурала пропаганден материјал и летоци. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци. Во мај 1943 година била затворена од бугарската полиција и интернирана на 6 месеци во северна Бугарија. По враќањето од интернација станала уште поактивна. Во 1944 година заминала во селото Горно Врановци (слободната територија), како член на Иницијативниот, а потоа и на Главниот одбор на АФЖ и член во редакцијата на првиот број на списанието „Македонка“.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ