Антифашистички демонстрации на жените од Велес — протест организиран од жеите во градот Велес против насилната мобилилзација на велешани како трудови работници, одржан на 11 мај 1942 година.

Положбата во Македонија Во виорот на Втората светска војна, Македонија била окупирана од војските на нацистичка Германија, а потоа поделена меѓу бугарскиот и италијанскиот освојувач, станувајќи предмет на безпоштедна експлоатација и терор. Прогресивниот дел на македонското општество и револуционерно воспитаните партиски кадри, меѓу кои имало забележителен број жени, пружиле сериозен отпор на окупаторот, придонесувајќи на тој начин фротнот на ослободителната војна на југословенските народи да биде проширен и на теренот во Македонија. Бројните демонстрации, диверзантските акции и вооруженото востание од 11 октомври 1941 година биле најдобра потврда за тоа.

Акциите во Велес Револуционерниот Велес го пречекал подготвен за борба бугарскиот окупатор. Набргу таму дошло до диверзантски акции, а во почетокот на есента 1941 година бил формиран и партизански одред во градот, а тоа придонело антиокупаторското расположение во градот да биде силно изразено. Идејно-политичката работа со велешките жени и во 1942 година била во преден план во дејноста на партиската организација. Таа била остварувана преку постоечките читачки и симпатизерски групи во градот, што биле формирани скоро во сите претпријатија и установи, а исто така и во маалските реони. Во својата работа тие го користеле пропагандииот партиски материјал, ги коментирале настаните на светските боишта, ja објаснувале и расправале за ослободителната војна на југословенските народи, и, разбирливо, најмногу се задржувале на ситуацијата во градот и дејствијата на Велешкиот партизански одред, како и на мерките што ги преземал окупаторот на ликвидирање на ослободителното движење во Велешко.

Демонстрациите Непосреден повод за демонстрацијата дала најавената мобилизација на Велешани за таканаречените трудови дружини, која требало да се изврши кон средината на мај истата година. Основната дел на окупаторот била на таков начин да го собере и да го стави под контрола машкото население од Велес, што, од своја страна, требало да има за последица ликвидирање на илегалното движење во градот и спречување прилив на нови борци во партизанскиот одред. Месниот комитет и Одборот на жените што влегувал во неговиот состав, веднаш извршиле консултирање со активистките во градот, а потоа се пристапило кон организирање демонстрација, што требело да ja изведат велешките жени.

Припреми за демонстрација Во текот на припремите за демонстрација посебно внимание им било посветено на жените, чии најблиски морале да заминат во трудовите дружини, зашто не биле опфатени во ослободителното движење на градот. Во организационата работа и во изведувањето на овој значаен настан се истакнала Александра — Цана Пејкова. Особено залагање во подготовките околу демонстрацијата покажале жените од реонот „Црна Џамија“, на чело со старата активистка Ката Капчева.

Самиот настан Во утринските часови на 11 мај 1942 година, маса од околу 150—200 жени излегла од тесните велешки улици и се упатила кон Општината, протестирајќи против мобилизацијата. Била составена и делегација од четири повозрасни жени, и тоа: Ката Капчева, Пандора Каракостева, Мара Каракостева и Грозда Кочева. Тие се упатиле кај градскиот управител и му ги изнеле причините за демонстрацијата, енергично барајќи да се прекрати со мобилизирањето на Велешани. Но, тој не само што до крај не ги сослушал искажувањата на жените, туку најгрубо ги отстранил и наредил против демонстрантките да интервенира полицијата. И покрај ваквиот развој на Настаните, жените успеале да ja одржат демонстрацијата до пладне и отворено и гласно да му го упатат својот протест на бугарскиот фашистички окупатор.

Дописи за самиот настан Бугарскиот окупатор за да прикрие дека има голем револт против нивната мобилизација се потрудил да го задскрие протестот известувајчи дека имало само мал број на жени кои протестирале. Но, во весникот „Народен Билтен“ број 20 од 10 мај 1942 година, е запишано:

Во истиот весник, наредниот број од 17 мај 1942 година, поместен е поопширен напис за демонстрацијата:

Постојат индикации дека бил сторен обид демонстрацийата да продолжи и наредниот ден. На 12 мај се собрала помала трупа жени, но наскоро се разотищла по домовите.

Наводи

Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:Историја на Велес