Верка Колиштркоска Јованова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Учествувала во НОД од октомври 1941 година како член на националниот фронт. Нивната куќа во Прилеп била ставена на располагање на Месниот Комитет на КПЈ. Кај нив се одржувале илегални состаноци и се чувал дел од собраната народна помош и престојувале илегалци. Била ангажирана во растурањето илегален материјал, пренесувала од едно на друго место муниција и илегалци. Во 1942 година била затворена од бугарската полиција, но по 3 дена била ослободена.
Во пролетта 1944 година нивната куќа поради активноста на сестра и Цена Џинорозо била провалена. Тука бил откриен еден илеrалец, најдено оружје и материјали за потребите на партизанскиот одред. Вера и сестра и Цена Џинорозо биле затворени. Таа била ослободена по 7 дена, а Џинорозо по ужасно мачење била жива закопана во дворот на прилепскиот затвор. Според друг извор, била убиена со бесење од страна на бугарскиот окупатор.
Поврзано
Цена Ристеска - Џинорозо
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ