Драготин–Тополница — назив на Драготин–Тополница, праисториска населба сместена на бугарско-грчката граница, во близина на десниот брег на реката Струма, на влезот од Рупелската Клисура. Локалитетот се наоѓа помеѓу пиринското село Тополница и егејското село Драготин (Промахон). Во научната литература праисториската населба е позната под името Промахон–Тополница.Ch. Koukouli-Chrysanthaki, H. Todorova, I. Aslanis, I. Vajsov, M. Valla. Promachon-Topololnica: A Greek-Bulgarian Archaeological Project. – In: H. Todorova, M. Stefanivic and G. Ivanov (eds.) The Struma/Strimon River Valley in Prehistory, Sofia, 2007, 43–78. In the Steps of James Harvey Gaul, 2 (Gerda Henkel Stiftung), 2007, 43-78. (ISBN: 978-954-8191-11-1)
Административно, населбата е поделена на два дела: пиринскиот дел — Тополница, и егејскиот дел — Драготин. До 1992 година, кога започнале археолошките истражувања во егејскиот дел кај Драготин, локалитетот бил познат исклучиво под името Тополница. Токму по оваа населба е именувана културата Тополница–Акропотамос — голема доцнонеолитска култура распространета во долината на реката Струма.
Материјалите од пиринскиот дел Тополница се чувани во Националниот археолошки институт со музеј (НАИМ-БАН), Националниот историски музеј (НИМ, Софија), Регионалниот историски музеј – Благоевград и Историскиот музеј – Петрич, додека материјалите од егејскиот дел Драготин биле депонирани во Археолошкиот музеј во Сер и во базата во санаториумот кај Валовишта.
Местоположба
{ "type": "FeatureCollection", "features": [ { "type": "Feature", "properties": { "marker-symbol": "cross", "marker-size": "small", "marker-color": "#B80000"}, "geometry": { "type": "Point", "coordinates": [ 23.328884, 41.386820 ] } } ] }
Праисториската населба Драготин–Тополница се наоѓа на границата меѓу Бугарија и Грција, во југозападниот агол на Бугарија, во близина на граничната пирамида бр. 63. Современата државна граница го дели наоѓалиштето на два дела: делот во Бугарија е познат како дел Тополница, а во Грција — како дел Драготин.
Населбата лежи на околу 1 км западно од десниот брег на реката Струма, 2 км јужно од пиринското село Тополница (Бугарија) и 3,5 км северозападно од егејското село Драготин (Грција). Тоа е поставен на работ на една од издолжените надалувијални тераси на реката, во подножјето на источните падини на планината Беласица. Ова е западниот дел на една од широките долини во сливот на реката Струма, која на исток се граничи со планината Славјанка (Али Ботуш). Многу е веројатно дека во минатото водите на реката Струма течеле поблиску до самата населба.
Во пиринскиот дел, местото на кое се наоѓа локалитетот е познато под името Кременица. Геолошките особености на регионот покажуваат дека населбата била изградена врз голем ерозивен конус.
Праисториската населба зафаќала површина од околу 40 декари. Нејзината доминантна географска положба укажува дека жителите ја контролирале комуникацијата низ Рупелска Клисура, а со тоа и трговскиот пат долж реката Струма.
Драготин–Тополница претставува важно сврзно јадро меѓу неолитските култури на источна Македонија, југозападна Мизија/Бугарија и Србија. Кон крајот на VI и почетокот на V милениум пр.н.е., населбата имала клучна улога во праисторијата на овој дел од Балканскиот Полуостров и во култните практики во регионот. Животот во неа траел околу 400 години, приближно помеѓу 5100 и 4700 година п.н.е.
Историја на истражувањата
Праисториската населба Драготин–Тополница е откриена во 1979 година од Димитрина Бчварова. Во 1980 година локалитетот бил регистриран од бугарско-полската експедиција „Струма“, предводена од Мечислав Домарадски, која ја истражувала населбената мрежа во сливот на реките Струмешница и Струма.
Систематските археолошки истражувања започнале во 1980 година. Ископувањата во секторот Тополница (1980–1991) биле раководени од Хенриета Тодорова, Тодор Димов, Јавор Бојаџиев и Иван Вајсов.Вайсов, Ив.; Зидаров, П. „Промахон-Тополница, сектор Тополница (геофизични изследвания)“. Археологически открития и разкопки през 2010 г., София, 2011, стр. 48. Поради близината до државната граница, истражувањата се спроведувале во ограничени временски периоди.
Истражувањата на егејскиот сектор Драготин се одвивале во периодот 1992–2002 година под раководство на Хајдо Кукули-Хрисантаки и Јоанис Асланис.Публикација од 1994 г. за првите години од археолошките истражувања на грчкиот сектор Промахон. Во нив учествувал и бугарски тим предводен од Хенриета Тодорова.
Методика на истражувањата Покрај традиционалните археолошки методи на истражување, неолитската населба Драготин–Тополница е испитувана и со методите на геофизиката.2010—2011 — Промахон–Тополница, сектор Тополница, резултати од геофизичките истражувања.2014 — Geophysical investigation and archaeological reality in the neolithic settlement Promachon-Topolnica (GR) Со методите на геоелектриката (вертикално електрично сондирање) е истражена целата територија на населбата, а со методите на геомагнетиката — бугарскиот сектор Тополница и мал дел од егејскиот дел Драготин. Резултатите од овие истражувања покажуваат дека раната населба била со помала површина и била оградена со широк вал со полегата надворешна и стрмна внатрешна страна.
Резултати од археолошките истражувања Праисториската населба Драготин–Тополница има три основни фази на развој. Тие најдобро се претставени во стратиграфијата на вкопаниот храм во сектор ПромахонPromachon-Topolnica. Cult structures from Middle Struma (Presentation Pernik - 2023)
Фаза I (5250—5100 г. пр.н.е.)
Во првата фаза од животот на населбата овде е изграден голем, сутеренски храм, вкопан околу 3 m во стерилниот слој. Тој бил двокатен. Долниот, вкопан дел служел за изведување жртвени ритуали. Таму е откриен голем број букраниони — фронтални делови од бикови черепи. Вертикалните ѕидови на храмот биле зајакнати со вертикално поставени дрвени колови, на кои биле обесени споменатите бикови черепи. Черепите биле претходно обработувани: тилниот дел се отстранувал, а со црвена охра се боеле лицевите површиниPROMACHON-TOPOLNICA. Contacts and communication breakdowns in the distant past at the modern Bulgarian-Greek border (Poster 2014) На места на ѕидовите имало дрвена облога, насликана со повеќебоен геометриски украс. Во сутеренот било влегувано по скалила низ отвор во подот на храмот. Можно е покривната конструкција на вкопаниот храм да била рамна, овална по форма, изградена од масивна дрвена конструкција. Депонираните во сутеренот керамични садови, високите шупливи цилиндрични столчиња користени за изработка на ударни музички инструменти, аскоси, бројните бикови черепиTrantalidou, KATERINA. “Dans l’ombre du rite : vestiges d’animaux et pratiques sacrificielles en Grèce antique. Note sur la diversité des contextes et les difficultés de recherche rencontrées.” In: Gunnel Ekroth, Jenny Wallensten (Ed’s.). Bones, behaviour and belief. The zooarchaeological evidence as a source for ritual practice in ancient Greece and beyond. ACTA INSTITUTI ATHENIENSIS REGNI SUECIAE, SERIES IN 4°, 55. Stockholm 2023, 61—86., антропоморфни фигурини (дел од нив неизпечени и грубо моделирани), глинени светилници и др. специфични предмети, како и бројните наслаги, укажуваат на цикличност на култните ритуали практикувани во храмотPromachon-Topolnica. Cult structures from Middle Struma (Presentation Pernik - 2023)
Фактички, населбата од овој период претставува комплекс изграден околу храмот и ограден со широк глинен вал. Многу е веројатно дека зградите имале директна врска со култните практики, што ја претвора населбата во регионална — култна. Откриените големи дупки од колови сугерираат дека зградите имале масивни дрвени потпори и биле групирани во комплекси (кластери) што обединуваат неколку градби под заеднички рамeн покрив, кој исто така бил користен во секојдневието. Доказ за тоа се откриените паднати од покривот отухлени елементи од огништа и глинени подници. Малку е веројатно, но не може да се исклучи, дека дел од зградите биле двокатни. Сутеренот на градбите од првата фаза бил вкопан околу 50 cm во стерилата.
Првата населба загинала во пожар, што се потврдува со откривање моќен пепелест слој што ги запечатува деструкциите. Не е исклучено (но сè уште недокажано) опожарувањето да било последица на надворешна интервенција.
Специфично за керамиката од оваа фаза е присуството на големо количество „специјална“ керамика, украсена со густа супстанција на база црн растителен катран (сок извлечен од корените и кората на иглолисни и широколисни растенија), измешан со фини прашкасти честичкиDushka Urem-Kotsoua, Sofia Mitkidoub, Evangelia Dimitrakoudib, Nikolaos Kokkinosb, Maria Ntinou. 2018. Following their tears: Production and use of plant exudates in the Neolithic of North Aegean and the Balkans. – Quaternary International 2018, Volume 496, Pages 68–79. (погрешно нарекувана битумен). Добиената густа супстанција се користела за лепење геометриски орнаментални панели изработени од белата кора на бреза — траги од неа се откриени на ѕидовите на некои керамични садови. Нивното откривање во сутеренот на храмот јасно упатува на култниот карактер на оваа категорија садови.
Карактеристично за керамиката од овој период е и појавата на керамика украсена во драготински стил (орнаментални композиции изведени со широко црвено обоени полињаI. Vajsov. Promachon-Topolnica. A Typology of Painted Decorations and Its Use as a Chronological Marker. - In: H. Todorova, M. Stefanivic and G. Ivanov (eds.). The Struma/Strymon River Valley in Prehistory. In The Steps of James Harvey Gaul, Vol. 2 (Sofia, 2007), 79–120, како и една специфична категорија керамични садови — т.н. брек-топед (black-topped) керамика. За првпат се појавуваат и аскоси, дел со врежан украс и изразени антропо-зооморфни црти.
Општата карактеристика на керамичниот комплекс недвосмислено покажува дека населбата е една од периферните на северозападната култура Винча В2, која успешно наметнала одредени култни практики во регионот. Кон оваа фаза се однесуваат и првите податоци за појава на јужно население — култура Тополница–Акропотамос.
Фаза II (5100—4900 г. пр.н.е.) Во втората фаза населбата значително се проширува. Тоа е времето на културата Тополница–Акропотамос. Заштитниот вал од првата фаза престанува да постои. Населбата има хоризонтална стратиграфија и две подфази (A и B). Фазите покажуваат следлива развојна приемственост. Масовно се појавува керамика со специфичен за регионот насликан украс:струмски стил (сликано со широки, темнокафеави линии), стил Акропотамос (сликано со тенки, темнокафеави линии) и стил Димитра (широки црвено обоени полиња, кантовани со тенки темнокафеави линии). Стратиграфската позиција на сликаната керамика во стил Струмско покажува дека таа ѝ претходи на онаа во стил Акропотамос, што е клучно за разделувањето на подфазите. Во реалноста, на некои места двата стила се истовремени. Понекаде широката темнокафеав украс во струмски стил се појавува заедно и со најраниот широк графитен украс. Хронолошки, појавата на графитниот украс во Драготин–Тополница е сметан за најран графитен украс на Балканот.
Зградите од втората населба веќе биле надземни, со форма блиска до квадрат и дрвена колова конструкција. Во тоа време во населбата имало и култни градби, една од кои е зградата 1 (сектор Тополница), откриена во 1982 годинаPromachon-Topolnica. Cult structures from Middle Struma (Presentation Pernik - 2023) Зградата е со форма блиска до квадрат — 5,00 × 5,20 m. Ориентирана е североисток — југозапад. Има два спротивни влеза — еден од североисток и еден од југозапад. Во неа е откриена голема печка со два странични „џеба“, во кои се ставале претходно загреани камења. Овој начин на дополнителна акумулација на топлинска енергија е уникатен не само за Бугарија.