Ново Село или Ени Ќој (, Критија, до 1927 г. Γενή Κιόι, Ени Ќој)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Κριθιά — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.253 жители (2021).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри северозападно од градот Лагадина. Селото се наоѓа на надморска височина од 216 метри.
Историја
Во XIX век Ново Село припаѓало кон Лагадинската Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 36 семејства со 164 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 154 - 155.
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Грци и работело грчко училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било преименувано во Критија.
Наводи
Категорија:Лагадина