Ленче Јованова-Петрова ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Таа била шивачка. Учествувала во НОД од 1941 година во Битола, како член на женска младинска воспитна група. Го посетувала курсот за болничаркн при „Женската потрошувачка задруга“ - 1941 / 1942. Станала член на СКОЈ во 1943 година. Од крајот на 1941 година по налог на Партијата се вработила како шивачка во военото интенданство со задача да работи на опфаќањето и организирањето на вработените жени. На 1 мај било организирано празнување, а нешто подоцна, исто во мај 1942 година, бил изведен и штрајк за зголемување на заработувачката. Во нејзиниот дом во визбата била направена скривница за престој на илегалци и чување илегален материјал. Нејзината активност била свртена кон интенданството, организирала групa од 40 младинки. Уште во 1942 година работела со група напредни Турчинки. Од декември 1944 година станала член на КПМ.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ