мини|345x345пкс|Човечко тело Тело () — физичката градба на еден организам. Овој поим се користи само за организми што претставуваат една целина. Постојат организми што се менуваат од едноклеточни во повеќеклеточни, како што се лигавите габи; кај нив поимот „тело“ се однесува на повеќеклеточната фаза.
Други употреби:
Тело кај растенијата: Растенијата се модуларни, при што модулите се создаваат од меристемите. Телото на растението обично се состои од стеблен систем и коренов систем, а неговиот развој е под влијание на животната средина. Тело на клетка: Тука поимот може да се користи за клетки како што се невроните, кои имаат долги аксони (нервни влакна). Телото на клетката е делот во кој се наоѓа јадрото. Мртво тело: Телото на починат човек се нарекува и труп или леш. Мртвите тела на животните (’рбетниците) и инсектите понекогаш се нарекуваат трупови. Човечко тело: Човечкото тело се состои од глава, врат, труп, две раце, две нозе и полови органи во пределот на препоните, кои се разликуваат кај машките и женските единки.
Гранката на биологијата што се занимава со проучување на телата и нивните конкретни структурни одлики се нарекува морфологија. Анатомијата е гранка на морфологијата што ја проучува структурата на телото на ниво повисоко од ткиво. Анатомијата е тесно поврзана со хистологијата, која ја проучува структурата на ткивата, како и со цитологијата, која ги проучува структурата и функцијата на поединечните клетки од кои се изградени ткивата и органите на макроорганизмот. Земени заедно, анатомијата, хистологијата, цитологијата и ембриологијата ја претставуваат морфологијата.
Проучувањето на функциите и механизмите во телото се нарекува физиологија.
Поврзано
Човечко тело
Наводи
Категорија:Морфологија (биологија) __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__