Бонечки манастир — манастир во прилепското село Бонче.
Местоположба
Манастирот се наоѓа во непосредна близина на селото Бонче, околу постојните селски гробишта.
Историја
Манастирската црква е возобновена градба за што сведочат и пронајдените гробни споменици. Истото го потврдува и истражувачот Јован Трифуноски кој запишал дека на местото околу гробиштата на Бонче се наоѓале ѕидини од стара црква.
За овој манастир постои и живо предание за извесен стар војвода, кој го бранел некогашниот манастир од Турците. Во некое старо време кај селото Бонче се наоѓал еден голем и богат манастир. Кога дошле Турците на Балканот, стигнале и до селото Бонче и сакале да го заземат и разрушат манастирот, но му се спротиставил некој тамошен војвода, кој долго време се борел со нив и го бранел манастирот за да не биде разрушен и запустен. Тој долго време не ги пуштал Турците да дојдат до манастирот, но турската војска била многубројна и посилна, па затоа морал да попушти и да се засолни. Го зел богатството што се наоѓало во манастирот и се скрил во некоја пештера источно од селото и оттогаш никој не го видел. Сега трагачите по скриено богатство ја бараат пештерата за да го пронајдат богатството што го зел со себе војводата и го скрил во неа.
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, конакот, трпезаријата, како и други помошни објекти.
Црква „Св. Јован Богослов“
Главната манастирска црква е посветена на Свети Јован Богослов, по која е и наречен целиот манастир.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Бонче Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири во Прилепското архијерејско намесништво