Успение на Пресвета Богородица – католикон (главна црква) на манастирот Трескавец.
Архитектура Во основа, црквата е еднокорабна со наос надвишен со купола и разделен со пиластри. Однадвор, олтарната апсида на исток е тристрана. Под дебелиот слој малтер на ѕидовите од северниот параклис, видливи се фрески од XIV век. Од овој век потекнува и припратата со двете кули со куполи, сместени на западниот дел од црквата.
Во основа црквата е еднокорабна со наос надвишен со купола и разделен со пиластри. Однадвор, олтарната апсида на исток е тристрана. Под дебелиот слој малтер на ѕидовите од северниот параклис, видливи се фрески од XIV век. Од овој век потекнува и припратата со двете кули со куполи, сместени на западниот дел на црквата.
Икони Манастирот Трескавец располага и со бројни празнични икони и икони на апостолите од XVII и XVIII век. Престолната икона на „Исус Христос Цар над царевите“ за трескавечкиот иконостас е дело на зографот Михаил Анагност од Самарина.
Фрескоживопис Фрескоживописот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ го сочинуваат фрески од различни временски раздобја. Најстари се оние на ѕидовите во просторот на двете кули, кои потекнуваат од XV век. Тие прикажуваат теми од месецословот и на светители претставени во полна големина. Ктиторските портрети, што се наоѓаат на источниот ѕид во јужниот трем, се насликани во втората половина на XIV век. Ликот на Божјата мајка е насликан во нишата на јужната врата од наосот. Според зографската техника, оваа фреска му припаѓа на раздобјето од XV век.
Наосот го збогатуваат фрески што се настанати кон крајот на XV век. Особено интересни се оние од првата зона каде се јавуваат фигури на светци во стоечка положба, прикажани во природна големина. Тие се облечени во благороднички дреи и со раскошни капи на главите.
Впечатливи се фреските настанати од рацете на крушевската зографска тајфа од XIX век.
Резба Манастирот Трескавец располага и со други вредни резбарени предмети, меѓу кои се оние изведени во плитка резба: двокрилната врата и царските двери од XVI век, потоа крстот Космитос од XVII век, како и певницата.
Влезот во наосот на црквата е низ двокрилна врата која го одделува егзонартексот од внатрешната припрата на црквата. На овие врати мајсторот резбар со своето длето совршено ги испреплетил нежно свиените линии и живата хармонија на флоралните мотиви со острите рабови и строгиот ред на геометриските облици, и на тој начин остварил симболички сооднос на природната со човековата геометрија. Меѓу динамичните линии, се сместени фигури на ангели, светители, луѓе и животни - вистински и фантастични. Водејќи сметка за таинственото значење на бројките, творецот во седум реда поставил по три претстави, освен на средниот ред каде што има две полиња, и на тој начин е остварена бројката од дваесет полиња на секое крило, односно четириесет на целата врата, број што содржи богата библиска симболика. Средниот ред ја дели вратата на две половини, каде што е претставен по еден свирач и едно змијовидно суштество на секое крило, а третиот мотив е човечка глава излиена од бронза. Горниот дел од вратата е украсен со полиња што завршуваат со прекршен лак во кои се претставени Богородица и Јован Крстител, архангелите Гаврил и Михаил, апостоли, архијереји и ѓакони. Во долните три реда на секое крило од вратата има по три квадратни рамки, во секоја стои по едно животно. Во долните полиња на трескавечката врата можеме да видиме фантастични и стварни животни. Од фантастичните тука се претставени ламји, грифони, кентаури и други химерични суштества, кои биле плод на средновековната фантазија. Дел од стварните животни за кои се одлучил да ги претстави мајсторот му биле познати, па претставил елен, срна, зајак, крава и камила. За останатите, далечни животни, кои се одлучил да ги претстави веројатно имал слушнато, прочитано или можеби ги видел во некој од ракописите или резбите кои стигнале до него, па така тој верно претставил слон, носорог и мајмун.
Поврзано Трескавец
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Трескавец Трескавец