Азиза (Африкански) — вид на добротворна натприродна раса во западноафриканската (поточно, Дахомејската) митологија. Живеејќи во шумата, тие им обезбедувале добра магија и добар лов на ловците. Познато е дека им дале практично и духовно знаење на луѓето (вклучувајќи знаење за употребата на оган ). Азизите се опишани како мали луѓе и се вели дека живеат во мравјалници и свилено-памучни дрвја. Родот на растенијата Азиза е именуван во нивна чест.
Иако Азизите обично се опишуваат како народ, некои традиции се однесуваат и на една индивидуа по име „Азиза“, со слични особини. На пример, усната традиција на Џеџе има божество наречено „Азиза“ (опишана како мал човек со една нога кој пуши луле).
Азиза е исто така бог на народот Урхобо од Западната делта на Нигер во Нигерија.
Сепак, постои само еден оригинален извор за крилестата азиза и таа е забележана дури по контактот со Европејците за време на атлантската трговија со робови, сите други извори тврдат дека тие биле мали луѓе, а со оглед на речиси идентичниот изглед со европската самовила, не е познато колку тие влијаеле врз крилестата азиза или азизата влијаела врз европската самовила.
Наводи
Категорија:Дахомејска митологија