мини|На задната страна од овој сестерциј на Нерон, Анона (стои десно) држи рог на изобилство, свртена кон Церера (седи лево) која држи житни уши и факел, со модиј на олтарот со венци меѓу нив и крмата на бродот зад нив. Анона (латински annōna „пченка, жито; средство за егзистенција“, од annus „година“) — божествена персонификација на снабдувањето со жито во античката римска религија. Таа била тесно поврзана со божицата Церера, со која често е прикажана во уметноста.
Анона, честопати именувана како Анона Августа, била творба на империјалната религиозна пропаганда, манифестирана во иконографијата и култната практика. Таа била претставена како теофанија на моќта на царот да се грижи за својот народ преку обезбедувањето на жито.J. Rufus Fears, "The Cult of Virtues and Roman Imperial Ideology," Aufstieg und Niedergang der römischen Welt II.17.2 (1981), pp. 895, 915. Така, на Анона ѝ недостасувала наративна митологија или традиција на побожност во Римската Република, но откако се воспоставила како дел од империјалниот култ, таа била примател на посветувања и заветни приноси од приватни лица мотивирани од благодарност или барање на наклонетост.Fears, The Cult of Virtues, p. 936.
Империјален култ Во пропагандата на Клавдиј, култот на Церера Августа ја експлицитно ја истакнувал божествената моќ што лежела во царското обезбедување на аноната, т.е. снабдувањето со жито на градот. Анона Августа се појавува на монетите кон крајот на владеењето на Нерон, кога Култот на доблестите станал истакнат по Писонскиот заговор. Таа отелотворувала две од материјалните придобивки од царското владеење, заедно со Securitas Augusti, „Августонска безбедност“, и често се појавувала како дел од пар со Церера.Fears, "The Cult of Virtues," p. 895. На неронските монети, Церера, Анона и Абунданција („Изобилство“) биле тесно поврзани.Fears, "The Cult of Virtues," p. 897.
Анона била претставена и на монетите издадени под Веспазијан, каде што заедно со други доблести таа го претставувала враќањето на довербата во принципатот, како и на монетите на Тит, Домицијан, Трајан, Хадријан, Антонин Пиј и Септимиј Север.Fears, "The Cult of Virtues," pp. 900–904. Таа била особено омилена во пропагандата на Трајан, кој се обидувал да го прикаже неговото владеење како обнова и просперитетна нова ера за човештвото; оттука, Анона често се појавувала со симболично дете.Fears, "The Cult of Virtues," pp. 913–915, 922. Во контекст на трајанската политика, Анона ја претставувала независноста на житото на Рим од неговиот традиционален снабдувач Египет .
Иконографија Анона обично била прикажана со рог на изобилство во раката и бродски нос во позадина, алудирајќи на транспортот на жито во римското пристаниште. На монетите, таа често стоела помеѓу модиус (мерка за жито) и нос на галија, со класови жито во едната рака и рог на изобилството во другата; понекогаш држела кормило или котва.
Имењак Кратерот Анона на јужната хемисфера на џуџестата планета Церера бил именуван по оваа божица.
Наводи
Категорија:Римски божици Категорија:Римска религија