мини|300п|десно|Воздушен поглед на рудникот

Рудник „Вепрчани“ — рудник за мермер, кој се наоѓа северно од мариовското село Вепрчани.

Местоположба

Рудникот се наоѓа северно од селото Вепрчани, до кој води макадамски пат од селото Дуње.

Историја

Рудникот е прилично нов, откако била одобрена површина од 3,56 километри квадратни за ископување со склучен договор за концесија во 2013 година. Важноста на договорот истекува во јуни 2026 година.

Фирмата и нејзиниот управител биле обвинети за затајување на данок во август 2025 година.

Галерија

Поврзано Мермер Вепрчани

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Рудници во Македонија Категорија:Вепрчани