Латински Гробишта — археолошко наоѓалиште во прилепското село Големо Коњари. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и претставува некропола.Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа околу 2 километри северозападно од Големо Коњари, каде постои место како тумба која се нарекува Латински Гробишта.
Опис
На наоѓалиштето се забележуваат надгробни камења, а мештаните викаат дека имало црква.
Поврзано Црква Св. Троица — осамен наод од доцноантичкото време; Суљук Бара — неопределено наоѓалиште од непознат период; Бел Камен — населба од праисторија, антика и среден век; Големо Коњари; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Големо Коњари