Вознесение Христово — главна манастирска црква на Кокречкиот манастир во мариовското село Кокре, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во непосредна близина на селото Кокре, на околу 200 метри источно од последните куќи на селото, на левиот брег на Кокречка Река.

Историја

Во црквата се вградени антички мермерни сполии, и тоа во јужниот ѕид. Околу црквата има расфрлени повеќе парчиња од мермер и архитектонска пластика и една фрагментирана стела, исто така од мермер. Конфигурацијата на теренот упатува на можно постоење на светилиште, кое во Археолошката карта на Македонија е означено како Спасица.

Денешната градба е обновена во 1969 година.

Архитектура

Црквата има скромна градба од камен, а во нејзе се вградени повеќе сполии од наоѓалиштето Спасица.

Една мермерна плоча со релјеф е вградена во ѕидот на црквата од јужната страна.

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Кокре

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Храмови посветени на Вознесението Христово во Македонија Категорија:Кокречки манастир