Кокречки манастир — манастир во прилепското село Кокре.
Местоположба
Манастирот се наоѓа во непосредна близина на селото Кокре, на околу 200 метри источно од последните куќи на селото, на левиот брег на Кокречка Река.
Историја
Манастирот е подигнат во поново време на место каде некогаш најверојатно постоело светилиште, како што е забележано во Археолошката карта на Македонија на местото на некогашното светилиште наречено Спасица.
Манастирчето се состои од црква со скромна градба од камен, како и помошна градба од бетонски блокови во близина. Од јужната и западната страна на црквата се распоредени поголем број мермерни елементи од извесна градба, со различни форми и со релјефи на кои се претставени форми со цветови, правоаголни форми и слично.
Просторот околу манастирот е возвишение со куполеста форма, а на површината се насетуваат остатоци од постари градби. Големиот број на мермерна пластика кој е евидентен и остава силен впечаток, укажува на стар храм, односно храм од античкиот период. Археолозите за овој локалитет сметаат дека содржи остатоци од светилиште од римскиот период, за кој се претпоставува дека бил посветен на божицата Артемида.
Според кажување на мештани, на местото на Спасица се наоѓал манастир посветен на Свети Никола, но бил запален од Турците. Потоа манастирот бил пренесен во селото Прилепец, каде заедно го направиле со селаните на Прилепец и затоа една соба од конаците била наменета за кокречани.
Денешниот манастир бил обновен во 1969 година.
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква како и други помошни објекти.
Црква „Вознесение Христово“
Главната манастирска црква е посветена на Вознесение Христово, по која е и наречен целиот манастир.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кокре Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија Категорија:Манастири во Прилепското архијерејско намесништво