мини|428x428пкс|Чингелаќиња Чингелаќе — алатка што се користи за правење јамки од конец или преѓа и за нивно завршување во хеклани бодови. Тоа е тркалезна дршка со зашилен дел од едниот крај, со страничен жлеб зад неа. Врвот го олеснува вметнувањето на чингелаќето низ материјалот што се хекла, а жлебот овозможува повлекување на јамката назад низ материјалот. Врвот потоа се дели на работна површина што го одредува номиналниот пречник на куката и обезбедува еднообразна големина на јамките што ги образува, и рачка.
Градба Хеклањето се појавило како посебна текстилна уметност во почетокот на 19 век, а многу чингелаќиња преживеале од тоа раздобје. Тие можат да се поделат во две групи, едната со тенки челични куки кои се поставени во посебни рачки, а другата вклучува едноделни куки направени од различни материјали. Разликата помеѓу челичните и другите чингелаќиња опстојува до ден-денес, иако сите сега најчесто се едноделни. На рачката, од ергономски причини, може да се нанесат различни прекривки. Со текот на времето се додавале и украсни рачки.
Чингелаќињата денес се произведуваат со пречници кои се движат од 0,35 мм до 25 мм. Овие пречници се означени и непосредно во милиметри и со различни системи на мерење со бројки или букви. Чингелаќиња под 2,00 мм се прават од челик (поради нивната цврстина) и се нарекуваат чингелаќиња за конец. Чингелаќиња од 2,00 мм или поголем пречник се нарекуваат чингелаќиња за преѓа. Алуминиумот преовладува како материјал од 2,0 мм до 6,0 мм (поради неговата полесна тежина). Освен него, бамбусот, дрвото и пластиката се чести материјали (поради нивната уште полесна тежина). Сепак, наведените граници на големината помеѓу типовите се приближни. Со исклучок на најтенките чингелаќиња, кои секогаш се направени од челик, може да се сретнат и други материјали надвор од наведените опсези.
Историските материјали за рачки и некои едноделни чингелаќиња вклучуваат коска, боцка од еж, целулоид, ахат, слонова коска и фосилизирана слонова коска од мамут.
За туниското хеклање се користат подолги чингелаќиња за да се сместат долгите редови на отворени јамки што се особеност на тој стил. Чингелаќиња со два врва се користат и за туниско и други видови хеклање што не можат да се направат со стандардно чингелаќе.
Историја Иако точното потекло на хеклањето е непознато, постои очигледно влијание од слични занаети од 18 век. Плетењето кај овчарите било популарно во Европа кон крајот на 1700-тите и почетокот на 1800-тите и користело рамна кука за да се создаде она што сега е познато како лизгачки бодови. Везот со тамбур бил исто така популарна практика во ова време и се смета дека потекнува од Кина и стигнал до Европа преку трговија. Оваа практика користела кукаста игла и се користела за производство на верижни бодови. Со текот на времето, биле создадени куки слични на она што често се користи денес и се одликувале со помазен заострен и кружен пресек.
Наводи
Надворешни врски Craft Yarn Council of America
Категорија:Хеклање Категорија:Турцизми